впечатлив прид.

впечатлив (прид.)

Можеби поттикнат од овој впечатлив сон кога се разбуди ја истресе од себе правта на ноќта и истрча на терасата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Беше тоа висок старец, исправен, строен и впечатлив со својата бела брада, бели веѓи и високо чисто чело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Разговорот финишира впечатливо. Еден по еден од присутните на масата почнаа да декламираат научени песни во младоста.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сликата – една од водечките и најценети достоинства на современата македонска поезија е облик низ кој мислата се мачи да го скамени невидоизменето нашето некогашно време; впечатлива слика на разделбата со оние што одеа на туѓина, сликата на велигденското оро, сликата на жетвата се составки на духовниот пејсаж на македонската географија и обраќањето кон неа не значи враќање кон нејзиното време туку протест кон духовната унификација што произлегува од нашата инертност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Однадвор Сарајот личеше на раскошна галија на два ката, со впечатлива фасада чиј двор го заплиснуваа далгите на морето, а стреите му ги надлетуваа морски галеби.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Овој лик е присутен речиси во сите или буквално во сите досега објавени осум книги од Луановата „Балканска сага”, но сега, како да се здобива со статус на одделна целина, на една автономија на достоинството па, се извишува налик на биљур врз поворката од останатите впечатливи јунаци на оваа проза.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
…ако малечката но впечатлива епизода со дебелиот е пример par exelance за пресметка со дистанцата како неприкосновена одалеченост зарем и јас досега не размислував премногу додека пишував наместо да доживувам не сокривајќи се зад зборот зад законите на добрата реченица зошто да не го излијам несигурното созревање на чувството во линијата на ракописот користеноста на дистанцата е научена од родителите од почитуваните учители кои со лесна иронија но убедени ја негуваа скапоцената логика на аргументите а што ако така сум вовлечен во не- -јас во светот преземен толку е тешко после сета умешност да се заглушат ушите да се отфрли мрежата да се признаеш себе си внатре сонцата жежат ли жежат усните немоќно сами се потсмеваат гнездото се урива веќе ме облева летото илјадници плави нестрпливи звуци ја оставаат зад себе молчеливата погрбавена сенка...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Начинот на поведението и изразувањето на старчето, на впечатлив начин, на Едо му наметнуваше претстава за Петра што тој многу добро ја разбра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Терасата на ресторанот неочекувано се отвораше накај Јадранот, кој тука ненадејно се појавуваше сред градот, на место каде што човек најмалку би можел да го очекува, зашто тој впечатлив син блесок не користеше за ништо друго освен за да му го збогати шаренилото на боите на пазарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Малиот имаше дваесет и две години и беше многу впечатлива неговата желба да доминира и да владее со глутницата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мојот пријател Едгар Морен, умее многу поуспешно од мене да ги вреднува високите книжевни достигнувања на Старова, автор на една магистрална книжевна хроника за едно семејство во текот на XX век што претставува несомнен придонес за нас западните Европејци подобро и подлабоко да ја разбереме балканската историја низ впечатливи филозофски метафори.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само впечатливата, крупна фигура на шумарот се издвојуваше од присутните.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во овие записи без детализирања, дури и без истакнат личен однос богобојазливиот запишувач за случувањата што се предмет на нашиот интерес беше го употребил впечатливиот термин наезди.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дојките и задникот и беа толку нададени и впечатливи што ти се присторува дека секој час ќе попушти илои некое копче на палтото или патентот на суќната.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот на необичен и впечатлив начин ја овековечува историјата на главниот град на Македонија...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знаете нашите сопствени зборови како ќе се изненадат кога ќе ги пресретне впечатливо видение.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На периферијата од градот, северозападно од Метрополата, во Дренок, Ниротакис имаше фабрика за текстил (таа беше специјализиран оддел што ги опслужуваше неговите фабрики во Пробиштип и Виница), а Авни својот бизнис го тераше во златарата “Карат”, впечатлива по мермерната фасада, во непосредна близина на фонтаната “Ангел”, во центарот на Старата чаршија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
До толку беше впечатлив што тетка златарка ми прати ишарет и со пантомимата, колку што сфатив, сакаше да ми каже: „Парче како спроти тебе, не го пропуштај“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ташко Георгиевски, мој е впечаток, мошне впечатливо ги спојува специфичните и субверзивни формални јазички иновации (пореметена синтакса, преплет на гласови, тек на свест...) со она што значи „наш дух, ритам и автентичност“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кои се тие заеднички обрасци и фундаментални принципи, ако воопшто ги има, кои го обликуваат нивното впечатливо поведение?“ 82 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Повеќе