впива несв.

впива (несв.)

Идејата беше-секоја половина за себе да впива нови сознанија, а по извесно време да ги претопи во новото соединување.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Понекогаш ми пречеше што сум толку емпатична, затоа имаше периоди кога се дистанцирав од луѓе зошто ми пречеше постојано да ги впивам туѓите емоции.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Можеби поради тоа пијавиците се впиваа најповеќе по моите меса.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше волшебничка кугла, таа чаша што раѓа во себе разденување и примрак па после како сунѓер ја впива ноќта и ја дави месечината в катран. Тоа беше огледало.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги склопи очите и ги виде сите бројки - соседи: се стискаат во телефонска кабина а црната слушалка шушкаво го впива неговиот здив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Шушка коприната на незаборавот глода свеста гризе совеста јаде жолчката копнее желбата се топи, се впива во лебецот на јазикот а јазикот е совршен акробат во несовршениот циркус на историјата чијашто кожа е дребна бродерија скапоцен марифет народот е и врач, и враг Боже благи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Козарот веднаш го впиваше татковиот спокој, сигурно добиен од вечното читање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ќе ти помогнам, му откликнуваше таа на еден осамен човек, и дури сонуваше крај него. тој низ неа го препрочитуваше житието на морето, ја впиваше неговата синина, па одново бела полетуваше во зорите сѐ до капка одново дури не го препишеше морето и дури не ги јагленоса ѕвездите мапи на неговите кораби.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А јас, врз основа на личното искуство - граматика на разобличувањето сунѓер со којшто секој си ја впива сопствената крв и ја плакне во Ништо: меморирана мора.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Истрча низ вратничката и се закопа до натколениците во снегот, а со секој дел од своето тело просто како да го впиваше во себе дишењето на таа единствено вистинска, топла и миризлива југовина, што го поземаше во своите заплиснувања и го омекнуваше сиот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или мојата моментална неискреност се должеше пред сѐ на онаа саркастична насмевка на Денко Самоников кој втренчено ги впиваше моите зборови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На лулето остануваа влажни траги од неговата челуст -впивајќи ги на врвовите од прстите, тој во себе внесуваше нежност.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не сум заробеник на спомените, сето она што го перцепира моето око и ги впива во себе прозаичните секојдневни доживувања и илуминации, создава во мене катарзичен порив, ундулација на чувствата, а филтерот се фабулозни увертири на секојдневните драми.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Земјата и садниците испуштаа малодушен глас што можеше да се слушне додека ја впиваа влажноста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на ’ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите незини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сега беше среќен со тоа што е толку добро сместен, а тука беше и неговата долга пушка, чии што метални делови му се впиваа врашки во јаболкцата од неговите прсти, но со која што тој можеше од своето место да ракува многу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Облеката ми ја впива потта, ми ја презема.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги учат како се впиваат езерски бранови во палавите очиња за да не замижуваат, кога ќе пораснат, на секоја секавица.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Белите капки вода како бисерни зрна удираат по потсушените дреи, се распрскуваат и завчас се впиваат во нив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога ќе затоплеше, најмалата, тета Дитка го изнесуваше телевизорот на западниот балкон, ќе го наместеше во насока на зајдисонцето и наметнувајќи се со ќебе, се впиваше во волшебниот екран.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе