вработи св.

вработи (св.)

Имав дечко со кого живеев во стан, ме запишаа на факултет кој го платија неговите родители само за да учиме заедно, така што беше на повидок да ме вработат на многу фина работа за која сонуваа повеќето битолчанки и со која плата ќе живеев убаво и ќе си го плаќав факултетот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Партнерот ми вети дека ќе ме вработи во еден мобилен оператор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Со диплома на градежен инженер се вработив во Дирекцијата за обнова и изградба на Скопје и ја градев Народната и универзитетска библиотека, Архивот на Македонија и Институтот за национална историја, Театарот на народностите, Музејот за современа уметност и комплексот музеи на Македонија и други објекти.... Таков пат поминав...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По неколку години се вработи во Националната библиотека.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Работодавачите ќе добијат субвенција за вработеното лице во висина од 80% од висината на социјалната парична помош исплатена на лице/домаќинство за претходниот месец од месецот во кој лицето е вработено.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Изминатите месеци не работеше ништо; две години беше вработен во еден институт за патологија, што значи дека околу две илјади трупови минале низ неговите несвесни раце; на некој необичен и необјаснив начин тоа го беше истоштило.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Јас одев на работа. Сѐ уште не ми кажуваа дали ќе ме вработат.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Направи пауза со факултетот за да се вработи кога јас се родив.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Лиценца за вршење работи на стечаен управник може да добие друштвото ако ги исполни следниве услови: – да има вработено најмалку еден овластен стечаен управник и да има вработено најмалку еден дипломиран правник и еден дипломиран економист; – управителот да даде изјава дека овластените стечајни управници и другите вработени лица во работењето ќе ги применуваат правилата содржани во Кодексот за етиката на стечајните управници и професионалните стандарди; и – друштвото да не е осудувано за кривични дела што го прават неподобно за стечаен управник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некогашен примерен дипломец на правни науки во Болоња, по ослободувањето на Албанија од фашизмот, во 1944 година, Бубуш ќе се вработи во Министерството за Правда, а потоа и на други работни места, како докажан експерт од областа на статистиката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не можеше да студира. Не можеше да се вработи...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таткото на невестата у непотистички манир го вработи зеткото како шеф во неговата градежна фирма каде удираше штембили и ги надгледуваше работниците.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се вработи во Ветеринарната станица во градот, наутро одеше на работа, навечер се враќаше, но сето тоа го правеше без волја, не чувствуваше задоволство од работа со ајвани.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пред да започне спорот опишан подолу, тој беше вработен како административен работник во една библиотека, чие работење всушност беше финансирано преку проект од странска агенција за меѓународна помош, а чија координација одеше преку Амбасадата на конкретната држава во РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За да се олесни вработувањето на невработените лица кои потешко можат да бидат вработени, во три наврати беа донесени времени закони за поттикнување на вработувањето.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во јули 2005 беше пропишано дека новооснованото заштитно друштво е должно во периодот од 90 дена да ги вработи сите работници сметано од денот на првото вработување на работник на неопределено време во друштвото.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Откако Бојана пропадна на два факултети, логично беше да се вработи во секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Предвидена е и обврска, во случај да ги отпушти работниците кои ги вработил по основа на овој закон пред истекот на периодот предвиден со овој закон, работодавецот да го врати износот на надоместените средства во еднократен износ со банкарска камата на средства по видување, освен за бројот на починати работници и работници на кои им престанал работниот однос по сила на закон (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Керадер тоа го зборува како вистина по ѓаволите сакам да речам тој ја уважува таа свиња - дури беше еден од главните педери заборавив како ги викаат таму преку со оние Италијаните после големата војна замисли ги само тие дибеци кога го здогледале како го мота тоа црево долго пет стапки еден ден - само сакал да го извади проклетиот боздоган вели Керадер - па тие помислиле мора да е педерски бог-на-боговите или такво нешто и сакаа да го вработат или како тоа се вика добога е па Морт сфатил дека тоа не е толку бедна работа знаеш подобро отколку со него да вадиш нафта по Арабија или да затнуваш дупки по холандските насипи како што досега правеше таа свиња останува таму некое време и тие момичиња таму во тоа италијанско место го мачкаат со ежова маст и маслиново масло и сите заедно работат како весталки девици го соблекуваат таму на полињата и ги прскаат нивите и го истакнуваат Морт вели дека тој вели тогаш најмногу се приближил до онаа вистинската работа жими сѐ! да умреш од смеење! и тие му носат сѐ некакви остарени тетки и пензионери тој ги распорува како со некаква зачудувачка еутаназија за стари госпоѓи и ги благословува сите нивни ебани раѓања гмечејќи го својот член дури по малку и копајќи од страна на бунарот но ќе се распичка со римокатолиците затоа што не е обрежан па тие сакаат да го млатат но Морт вели не и тие не можат да му пријдат кога го има тој огромен овен па со него изведуваат чудо и му го збрчкуваат стариот стојко со света водичка и му го загреваат семето па тоа ги спржува полињата а еден ден дури запалува некој проклет вулкан и тој мој боже! не губи време стварта да ја префрли преку рамо и оттаму фаќа магла жими сѐ! но сега ко што велам таа ситна лирика е покојна и отпеала и тој се вози горе-долу со лифтот како и сите ние еве сега влегува во тој проклет кафез покрај нас куп гадови што се заебаваме со онаа малечката што управува со тој смртно опасен лифт некако чешајќи го својот набрекнат задник кобојаги случајно и мил боже како само се унервозува и пренемага белки пола од нас се брани пола привлекува играјќи се со тоа зуење на рачкат и летејќи угоре низ тоа зградиште и баш тогаш стариот Керадер жими сѐ тој понекогаш стварно изненадува таа шизната свиња ја мерка нејзината пурпурна сукњичка и што велиш! малечката воопшто не носи гаќички! нешто преубаво батка сакам да кажам слатка праска распукана пред туѓ овоштарник и кутриот стар Морт тој кобојаги малку се клешти малку навредува и за момент ние другите не гледаме во што е работата околу што целата узбуна меѓутоа тогаш таа неверојатна работа одеднаш испаѓа и се ниша токму под неговата брада како ебено божјо око жими мајка а тогаш ете тој голем откачен боздоган и мој батка се грчи тој и кине како проклетата секвоја кога паѓа богаму и го погодува стариот Керадер трас! и тој паѓа право на подот! неговиот најдобар пријател и таа мала бедна момичка таа фрла поглед кон тој невозможен член што кружи наоколу и удира по ѕидовите па таа сосема паѓа во несвест и жими мајка се струполува право врз онаа рачка на лифтот и за секунда батка помислив сите отидовме по ѓаволите 15
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
•  2008: овозможување работодавачот да отпушти одреден работник поради деловни причини и веќе следниот ден да вработи друг работник на истите работи со иста стручна подготовка и занимање (Закон за работни односи); •  2008: намалување на основицата за пресметување на испратнината (Закон за работни односи);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе