врз (предл.)
Наместа врз него прелетува темната сенка на облакот и се губи понесена од ветриштата што лудуваат таму на височините.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Задоволството лежеше врз него.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Бавно се извлече од леглото. Го спотна огнот. Стави врз него дебел дабов трупец, да држи жар.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во приземјето ѝ е сместен дуќан за продажба на очила, чие лице гледа во прекрасните сводови на знаменитиот Камен мост врз Вардар.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Неговата сенка, од време на време, проигруваше од осветлената лампа врз татковите книги. – Но јас имам читано – ја продолжи мислата татко ми – дека козите живееле со луѓето уште во време на таканаречените наколни живеалишта, најстарите човекови домови...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но таа опшност не е нешто што почива врз некакви заеднички спомени и заеднички историски задачи што да се сознаваат и да се имаат сознавано од нас и од Бугарите еднакво.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со него ние сакавме да им покажеме на Русите оти кај нас во Македонија нема национален антагонизам и е возможно задружно работење од сите македонски народности врз културна почва.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Заборавен вишнеам на овој црн каменест пристан со крепкост за да ја хранам неизвесноста врз мене на мојата кора пластје напластиле заплашувањата но секојпат суров бев кон слабото.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Да легнеш врз да ти легне овој сач на брег да легнеш да оздраве оваа лутина до разголени меса и очи дождови престорени.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Тврдењево го потпирам врз основа на сликата што ја видов случајно во предновогодишниот сон, кога случајно од памучниот замок се раскрили брла снежна врата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Постапката за посредување, врз основа на записникот и трошковникот, се води пред оваа Комисија – којашто, пак, е формирана од Министерот за труд.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Издржи го засркнувачкото голтање
на фалусот на смислата
лизгавото освојување на бескрајот
во овој мал дел од времето во кое
смртта се лечи од комплекс на ниска вредност
и се докажува врз јазичето на живите
и кога затвора
и кога отвора.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Јас не можам да го допуштам последново и го сметам навредливо за мене, ете зошто и не се откажувам на прво место да си изработам свој самостоен поглед врз прашањето за мојата народност и врз онаа на моите сонародници.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во случаите предвидени со закон или со пропис донесен врз основа на закон, решението не мора да содржи одделни делови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Татко беше најмногу задлабочен во Историјата на Отоманската историја на Балканот и на нејзините последици врз судбината на семејството.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко му се фрла врз него и налетува на камата) Умри, умри кога повеќе ја цениш сопствената кожа од народната!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Далеку Врз својата пепел заврни И мост од себе направи од брегов тебе маченик до брегон тебе недостижен Помини!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Значењето на изработката на формалните работни модели не е во модерноста на изумот бидејќи веќе од третиот милениум пред новата ера постојат глинени таблици врз кои се впишани знаци што ги препознаваме како модели за канализациски работи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Дома беше и џунџулето и опојниот мирис на црвениот трендафил врз чии лисје зората секогаш оставаше капки роса...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)