врие несв.
вриеж м.

врие (несв.)

Доаѓаат ли дождови, нема веќе суша, вријат ли емоции, во поетовата душа?
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Тој сега разбра само толку дека и едно обично тенџере со капак, кога во него врие вода, може да се преправа како мечка и да плаши деца. Ама чудно тенџере!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во улицата на стариот цвеќар во Истанбул сега врие од заитани бизнисмени со мобилни телефони и изгубени туристи со мобилни фотоапарати и со слушалки од вокмени во ушите.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Алуминиумското ѓезве, што вриеше контролирано, сега почна да пувка и да ика како да протестираше против некоја неправда.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Полека да крка на спуза сѐ додека не се подигне кајмакот и кога просторијата ќе се наполни со мирис, тогаш се тргнува настрана, малку се остава да одмори од вриењето и полека се сипе во филџанот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бордо и црн плашт пред очи. Под нив човек скриен, во него врие.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Воздухот се згуснува и врие од немајкаде клопчето од инсекти над ружите што лета здивува заканувајќи се.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Некои делови од Лондон просто вријат од нив.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Пристаништето вриеше од војници со кафеави ковчези.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се доискашла вриејќи од лутина што му се смеат и со оврлени очи им свика на децата: Што се клештите?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Денес на телевизија врие од имбецилни спотови, на разни бездарници, кои што се тука благодарение на спонзорите.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тестото, кога ќе биде готово, се собира во платеноно цедило и кога ќе проврие водата, се спушта во котелот, но така што да не го допира дното, односно со конопен конец се врзува за рачката на котелот или за камушките и се остава цела ноќ да врие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Канејќи нѐ бочвата сите на свадбена вечер — врие од виното таа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Беше крајот на декември: супер маркетот вриеше од купувачи, кои како во полусон се движеа меѓу гондолите, со извежбани движења посегнувајќи по предметите и ревносно полнејќи ги количките.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Од прозорецот од шпоретот, од шпоретот до прозорецот, од ручекот што врие во лонецот, до чорапите искинати и иглата со конецот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Барите на улиците вриеја од мал потоп, од густо збиени клобуци и прскање на водени трпки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само во куќата на инспекторот вриеше пијана песна на многуте гости.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бузо вриеше од јад. Ги гризеше усните и, како кип, скаменето гледаше во оние што минуваа крај него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Целата училница клокоти и врие.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Вриеше од птици што црцореа, од страсното грицкање на вервериците и на пругавите верверици, од мрморењето и од брмчењето на инсектите.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе