вртка (несв.)
Се вртка, се шутка дури не му направи Ристе ишарет со очите да му ја извади шамијата од уста. Тоа го направи без мака.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Затоа цели два дена се врткаше низ дворот држејќи ја портата отворена ширум.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Околу неа се врткаше мачката. Нејзе сигурно ѝ беше жал за расплаканото девојче па се галеше околу нејзините нозе и сакаше да ја утеши.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Се оддалечивме од галантеријата, се врткавме околу играчките со надеж дека таму ќе мавнеме некоја џамлија - ама и таму ништо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Прво неколку недели се врткал околу Лумановото село и еден ден го отепал Турчинот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ги пасеа воловите некаде тука поблиску или, ако одеа подалеку, тогаш одеа по оние места каде што се врткаше дедо Геро војводата со своите комити.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Но Зоки почна нестрпливо да ја врти карамелата во рацете, да се вртка, да гледа во мајка си, па сепак не можеше да си спомне која бројка доаѓа по пет.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
И тогаш тој ќе клекне сред нив, а тие ќе колват и ќе се врткаат околу него како во пчеларник, ќе го забавуваат и одушевуваат со тоа што ќе му ги колват ногавиците на панталоните и копчињата на кошулата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Клинците, тие си буричкаа во носот, се врткаа на сите страни...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Гледам врткало зајачето околу нив, грицкало изгледа млади гранчиња, потоа претрчувало до други смреки па кружело и околу нив.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Всушност, Мише дишеше и мирисаше на гулабарник. Ноќе заспиваше милувајќи ги во сонот гулабите, се насмевнуваше среќно и блажено при помислата на нив или срипуваше, вџашен и исплашен, ако во сонот околу гулабите му се врткаа крадци.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Брмчењето што го слушна пред себе ја натера да застане на патеката и истиот миг виде една колибри - црвеношијка што брмчеше и се врткаше меѓу криновите, како некоја бургија што дупчи, оддалечена од неа колку една спружена рака.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Одвај пркната и заодена, секогаш се врткаше околу мајка Фимка и од неа научи од вечера да зафати леб - во земнено черепче подновуваше квасец, а утредента, во рано утро замесуваше во ношвите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Што ќе правиш? Да се вртка живот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во тоа време околу камењето се врткаше мариовец и ги разгледуваше двата камења, еден горни, еден долни и потскришум ги гледаше двајцата како си даваа ишарет; но не му дадоа никакво значение.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Мајка ми постојано се врткаше околу последните зрна заклучени во ковчегот под скалата, прибираше од оние што сѐ уште не мувлосале и шепотеше налутено колнејќи ги „желкарите“ и „ камаратине“.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се врткам така, над децата, се домислувам што да правам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ја чекам да се соблече, да руча, па да се одмори, како секој ден, но таа само се соблече и продолжи да се вртка околу мене. Сигурно ѝ е тешко, си мислам, да ми каже дека добила единица.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Но отец Иларион знаеше дека Бонети не мирува, па често кога ќе го насетеше дека се вртка крај нејзината одаја, ќе се накашлаше давајќи му знак дека е буден, или ќе ја отклучеше вратата од својата одаја давајќи му време на Бонети да се повлече, да не дојде до кавга, до расправија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
А ако минатото се повторува во иднината, дали некогаш луѓето пак ќе имаат опашки и дали преку викенд среќно ќе врткаат со нив како што денеска им вртат пропелерите на глисерите кинисани кон островот Сан Микеле во Венеција, на пример?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)