втрештен (прид.)
Дајреџијата ги рашири очите. Втрештено гледаше.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но и слонот ја крена сурлата, па кога зави како втрештен го уплаши Букефал Така кренат Букефал го засолна својот стопан, зашто: стрелата мина низ него, па го погоди Александар. Букефал веднаш почина.
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)
И стојам така над неа: втрештена, опалена, изгорена. Ја тажам, се тажам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
„Чекај“, наеднаш скокна дубровчанецот и втрештено погледа кон небото - денеска сме житар? Да, четврти.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ко втрештена беше. Молчалива - риба!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Не еднаш... но ете вечерва тој стои како втрештен.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)