гадење (ср.)
Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ми се гади што нема ништо од ова гадење.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Во последните неколку дена болката премина во болест, постојана болност, која со своето будење донесуваше болки во мускулите, гадење, губење на апетитот, обилно потење и отоци во зглобовите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Го прифаќаше брзо како стар пријател, не покажувајќи гадење од неговата сиромашка и прашлива облека.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Г-ѓа Парсонс го донесе клучот. Винстон ја испушти водата и со гадење отстрани еден врзоп од човечка коса што ја беше затнал цевката.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ова, помисли тој со нејасно гадење - ова е Лондон, главниот град на Воздушниот коридор Еден, или третата според бројот на населението провинција на Океанија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Марш џукело“, вика таа и со израз на гадење продолжува да чекори.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ја тргна главата со гадење. Почна да мавта со рацете, удирајќи му тупаници на невидливиот душман.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ми се гади од општоста на гадењето. Од двосмисленост.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ми се гади од коренот на сите зборови, од способноста да молчам; од сите застрашувачки мисли кои во моментов ме предупредуваат да престанам со гадењето -или- ќе ми се случи нешто толку гадно во однос на кое сето ова е ништо.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Со гадење го вртеше помеѓу прстите.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Оваа стратегија настана од убедувањето дека „изумите на филозофијата не се ништо помалку фантастични од изумите на уметноста“, и од неотповикливото гадење спрема книжевниот реализам кој често се поистоветува со баналноста, со предвидливите, па дури и со здодевните страни на животот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 213
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Доктор Гете понекогаш ни дозволуваше да влеземе во тие соби во кои луѓето лежеа не поместувајќи се или пак претаа – гледавме во тие замислени глави, избезумени глави, ужаснати глави, престрашени глави; тие гледаа во нас со своите уморни очи, со своите празни очи, со своите очи полни страв, вошит, безумна радост, беспричинска омраза и беспричинска љубов, очи полни со гадење и сласт; ги стискаа усните во молчење, ги испакнуваа во чудење, пропуштаа низ нив по некој едвај чуен збор, благословуваа или се закануваа, крикнуваа во болка и радост. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ми се смачи од продолжување, будење, спиење, повторување, гадење.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Откако ќе го прочита, го крева погледот и долго, со гадење, гледа во Луков.) Како си можел само да ги измислиш сиве овие гадости?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Симптомите се: главоболка, гадење, вознемиреност, анксиозност и дехидрација.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Жестокиот алкохол сега немаше вкус; почна да чувствува гадење од него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Неговиот немирен дух и лузните од транзицијата во која успеваа само татините синови кај него будеа доза на гадење и анимозитет. ***
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ми се гади од оние кои не го разбираат моето гадење мислејќи дека јас го разбирам.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Смртта на неговиот јунак и неговото гадење (односно сопствената смрт и сопственото гадење) за авторот не се доволни причини светот да го види или да го прикаже грдо.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)