гадотија (ж.)
Дали од големите детонации се потплашени сите гадурии?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ползеше и по нивјето додека мајка му работеше, гризеше тревки и растенија, гризеше земја и варовник, лижеше по камењата како овца по сол, обезбедувајќи си недостаток на калциум; го запознаваше животот околу себе фаќајќи и играјќи си со бубалки, црвчиња и секакви гадурии што му лазеа по рацете и нозете.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Еве, од овде си ја подаде муцката онаа гадотија“, рече таа и ја ритна ламперијата веднаш под сликата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На челниот дел од куќата, под стреата: срце, прстен, токосани раце, ангелче, венче, и во нив: почетните букви од името и презимето на домаќинот и годината на градењето; балкони: украсени со елементи од железо или ламарина во форма на триаголник, четириаголник, ромб, ромбоид, круг, трапез или со гипсени елементи во вид на амфори, во вид на подлактени раце или сосем едноставни со парапети кои завршуваат со коритца за цвеќиња; чардаци: долги колку што е долга и куќата, со пармаци, со плотици од костен, од даб, од јасика; на чардаците испуштени башлаци над кои висат мали куличиња низ кои може незабележено да се ѕирне во дворот, на патот, или во време на војни и арамилак, да се протне цевка од пушка и да се направи пусија; покриви: со рамни или со стрмни стреи, со испуштени чакми и кучиња, со поткренати маи како крилја од птица, со издолжени предни страни како козирка од капи, или прекинати со предниот ѕид што се крева нагоре за да го затскрие покривот; вратите: со една, со две поли, обични или со нутифедер, со украсни бордури на секоја пола, со надвратни прозорчиња застаклени или опшиени со мрежа за заштита од секакво гадурии; на вратите жапка или шуличе што се отвора со стап кој постојано е врзан на вратата, ѕвонец што ќе чукне потивко или посилно, резе со катинар или брава донесена којзнае од каде; прозорците: широки, европски, или пак тесни со по неколку крила доближени едно до друго за што подобро да ги осветлат просториите; оние што се на долниот кат и низ кои може да се ѕирне, заштитени се со железни прачки извиткани во разни форми; кај што нема железни пречки - дрвени капаци испукани од сонце и дожд, но кои ноќно време убаво ја затвораат куќата како дланки склопени на очи или како мравкини дупки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
шишенца, кочанки, чешлиња, мивки, сапунчиња, гризнато овошје, коски, пердуви, распаднати метли и износени опинци, и ги носеше некаде со себе за пак утрината да ги врати и да ги остави на брегот; гледаше кон шеварот и трските во езерото во кои се размножуваа сите водени птици и кои крескаа како нечисти тешки и гадурии, што тука, во старо време се криеле: змеови, азџери, стии, ламји, вештерки, улавици, гидии, сеништа, ветроштиње, таласами, нави, укалци, катари, улери, буици и други сакатури,
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Жешко е: секакви гадурии и отсекаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сме се измешале со гуштери, со змии, со кртици, со разни гадурии. Не се знае кој е полиот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И секогаш, како за инает, нешто ќе му се залепеше на мундирот: или парченце сено, или некакво конче; згора на тоа, тој поседуваше особена дарба – кога оди по улица, да стигне под некој прозорец токму во мигот кога низ него се исфрлаат најразлични гадотии, и поради тоа на својата шапка секогаш ќе понесеше корки од лубеница и диња и слични глупости.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
3 Во валугите про'ртувало непознато семе. Но гладотијата сонувала амбари.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Цевката, дебела цела педа, се испружила токму на средината. - Нема да нѐ запреш, ти гадотијо!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)