газија (ж.)
Јас те молам попушти, оти самата чу со ушите твои кога кажа, дека ќе ја попрска куќава со гасие и ќе ја запали сосе нас.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Набрзина ги нафрла работите во торбата и ја остави до вреќата со солта и тенеќијата со газијата и му рече на Бабовчето да постојат тука додека да го продаде сирењето, да земе пари, да му ги плати.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Токму така, живи ќе ги изгориме овие пезевенци — ги потврди и овој кајмаковите зборови и веднаш се распореди да се донесе газија и шмркови да се запали куќата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Доколку некој богослужец и доброчинител не ги посипе мртовците со вар или со газија, доколку не ги запали од божји причини, преку ноќ на нив се нафрлуваат чакали, понекогаш бесен пес или престарен крмнак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
а во Америка не палат кандила, како кај нас: со газија и со жарче, таму огнот го водат по некои телови, и не се гасне со дување, дувај си ти, ако немаш работа, и залидани сме, ти велам, некаде, којзнае каде, меѓу облаците значи облак ни го однесе алето,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ме заборавија кога Илчо Просинек почна да раскажува како бил млад роб кај некој трговец Евреин во Солун, слугувал, продавал газија, сапун, сол, суви риби, зашеќерени бадеми и урми, ги миел во саботните попладниња тркалата на стопановиот пајтон, ги тимарел коњите, метел, окопувал јаболкници и лилјачиња, прередувал ќерамиди, хранел пци и мачки и чувал кадрави деца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога ќе се измеша, свети исто како газија - му објасни чичко Тале.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Се ослободи од непотребните работи во куќата: од разните шишиња што ги најде во долапот затворени со тапа или со кочанки, полни или полупразни со разните течности: масло, газија, крстена вода со босилок внатре, недопиена ракија или вино, лекови од тревки, варова вода и друго - ги исфрли надвор ослободувајќи ги од нив заробените мириси.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
И Јон ќе ме погледа, погледа, па ќе го земе кандилото и ќе појде кај Доксима Тренчески да му тури газија, да му го намести фитилот. ***
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Можеби само тој знаел дека дел од облеката му е натопена со газија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Додека мариовците пазарат, еве кај Петруша толку и толку шамии, шамивчиња, тулбени, грлувчиња, ракавчиња, капи, разни бугасии, ѓувезии, астари, што ли не; од Алекса Баба ќе кренат со оки шеќери, леблебии, суво грозје, смокви, газија и друг бакаллак; од Јашмакот — десетина дваесет рала чевли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Да имавме газија, - продолжи мајка му - вака немаше да се мачиме.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Доксим продаваше: сол, шеќер, газија, свеќи, ќибрити, а и виткани цигари продаваше. 93
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Крадел дрва од државната шума, горел дрвен ќумур скришум од падарите, го продавал по пазарите во Скопје и Велес, за сол и газија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Откако Профим успеа неколку пати да ја премине кришум границата за Албанија и да донесе во селото сол, масло, шеќер и газија, спечали пари и го купи сиот брег; ги израстури меѓите на брегот, ги спои малите парцели во поголеми, испланира кои делови ќе му бидат бавчи, кои лозја, кои дрвја ќе ги исече, а каде нови ќе насади, каде патот ќе го рашири, од каде вода ќе довлечка за сиот брег да го наводнува - зафати да приготвува материјал за да го обгради брегот, да не им дозволи ни на луѓето, ни на селскиот добиток да врви по него без контрола, а и да му олесни еднаш на душата што, ете, сиот брег најпосле ќе го стави в рака.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)