газоза (ж.)
Ми жубори вода од некаде, се цедат скршени лубеници и портокали, се точат ладни бози и газози.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А, газози има, веројатно, само уште на Бит-пазар. За едно големо чудо, дедо мошне вешто се снаоѓаше низ заплетканите улички на Старата чаршија.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Соочен со оваа несреќа Ролан Јаковлевич побрза да ја прифати понудата на Трајчеица да се зафати со полнење сода вода и газози, бидејќи покојниот Трајче Кусакатски имаше разработено дуќан за вакви производи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се напив и јас. Тоа беше сина газоза, студена и вкусна.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тој пак прошетува низ чаршија, се напива една газоза на кафето кај Славета, се упатува за дома, малку - како и секогаш - се задржува пред фотографскиот излог на Сотка, пред да сврти во своето сокаче и пак се враќа назад.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тогаш прв пат имав прилика да вкусам од тој пијалак што дедо го нарекуваше со смешно име - газоза.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)