галежен (прид.)
Кучката ја крена главата и се загледа во него милно, блажено, галежно.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Љубовта моја нема моќ, да допре до тебе , да ти дошепне збор галежен , топол во оваа глува ноќ.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Потоа го чув и срцето како ми чука, како бие, небаре гугучка која со глас галежен ми се умилкува, ме милува, ме гали.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)