галоп (м.)
Со галоп влета право во морето и како бран се понесе кон давеникот.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Го виделе како езди низ полето, со пурпурна наметка што се вее зад него, и терајќи го коњот во бесен галоп, исчезнува пред вџашените погледи на војниците од градските бедеми.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Со викот и галоп го следеа коњот на Кузман десетте јунаци смели.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Зошто езерото зјапа во сопственото дно
и се запенува како расен коњ во галоп?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Препознатлив знак им беше тоа што ноќе растураа летоци со втиснат амблем на два црни коњи во галоп на врвот на листот и со антирежимски пораки.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
И сликата на неговото постоење е сликата на претскажувањето- галоп.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
И пред луѓето што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека што го гледале тоа да се изначудат, да речат дека Питу Гули го научил да пие вино или дека имале заеднички сон, ист и во исто време, коњот полека ја кренал главата од бочвата и додека од коњските усни му капело вино, се свртил и, пак со галоп како што дошол, и се предал на темницата, бил ноќ во ноќта.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ако сака да биде поп нека биде поп убавата Пела! уште повеќе се разлутуваше Дончо од што нозете почнуваа побрзо да му се движат и скоро како коњ во галоп поминуваше покрај работниците што веќе работеа низ стопанството.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Движењето почна некако да фаќа замав, студентите во главниот град почнаа да носат беџови со двата црни коњи, чиј што галоп требаше да ја симболизира слободата која што во општеството ја нема.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Стоеше тој запис на карпата како отсекогаш да бил тука, на еден древен пат, а Филозофот расправаше дека од времиња најдамнешни тука минувале каравани, натоварени со стоки, војски накитени со страшни знамиња, царски курири кои во галоп разнесувале пораки по сите краишта на тогашната славна држава и на нејзиниот цар, чие име подоцна го узнав, о блажени, оти времето тогаш уште не беше дојдено.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Бел ждребец. Минуваше од лесен трк во галоп.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Коњите како на крила, во галоп, го однесоа „трговецот“ надвор од Битола...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
И пак се тргаше. „Со тебе - каде?“ „Сегде“, и не ја пушташе веќе раката. „Знам едно катче од каде можеме да го слушаме мекиот галоп на глувчињата.“ И пак се сети - не, јас нема да умрам од смрт како секој друг; ќе умрам од живот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Заборавил, а во последен момент ќе отрча во галоп на пошта за да ти прати телеграма.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Погледна по друмот. Дорчо, исплашен од пукањето, бегаше во галоп по друмот за Дебарце.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Татарот уште само ги слушнал тапите удари на коњскиот галоп и преплашеното пркнување на некоја ноќна птица од стеблакот на црковната липа или бука или питом костен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)