генерација (ж.)
Татко ми тешко привикнуваше на овие револуционерни времиња кога генерации, генерации мораа да живеат откорнатички, одново да започнуваат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Живееше со своите врсници – дечињата што ја прелистуваа сликовницата која се пренесуваше генерациски во семејството.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беа свесни дека делата биле пишувани во текот на некогашната борба и јунаштво за поттик и пример, но сега тоа не можеше да важи за сегашните, а уште повеќе за идните генерации.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Хипотетички можам да речам вака или онака, можам да романтизирам за силата на генерацијата итн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Не во споредба со другите луѓе на земјата туку во споредба со генерациите што живееле пред него.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Колку млади генерации од спротивставените патриотизми на европските држави- нации гинеа на европските воени боишта.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сепак, дипломираше во првата генерација студенти на Филолшкиот факултет во Скопје, македонски јазик и литература.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Патем речено, генерации и генерации му пцуеја мајка на овој бард на сатирата.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Тука е од старо време; поминал живот со неколку генерации, бил сведок на сѐ што се случувало во семејството: регистрирал многу раѓања и многу умирања.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Островот или наследените односи, воспитанието на почит и разбирање меѓу поединците во секоја верска заедница, што се негуваат од генерација во генерација, се тие што се чуваат како пламенот на домашното кандило, како реликвија, како највисока светија, како стара, наследена икона во домашниот иконостас, како свитокот со цитат од Тора поставен на влезот од секој дом од некоја поранешна генерација закинтски Евреи?
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога на патот на органската еволуција стана очигледно дека мутацискиот процес неизбежно ги разградува физичките и невролошките врски што ги поврзуваат припадниците на една генерација со минатото и неизбежно ги насочуваат да преземат посебна и рамноправна позиција меѓу другите видови на Земјата, со која Законите на Природата и Природниот Бог ги дарува, сериозната загриженост за хармонијата на видовите бара да се утврдат причините за мутацијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Оставени сами на себе, тие ќе продолжат од генерација во генерација и од столетие во столетие да работат, да се раѓаат и да умираат, не само без секаков нагон да се бунтуваат, туку и неспособни да сфатат дека светот би можел да биде поинаков од она што е.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Амбар на животот, Охридското Езеро како база за заминување на јагулите во исто време нивна цел, врз основа на вечното враќање; езерото учествува во циклусот на генерациите и неговите струи го вртат тркалото на времето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Оваа генерација јагули ќе доживее вистински масакр во турбините на новите хидроцентрали при враќањето од среќниот трансокеански егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во својот живот, Мајка си ја смируваше, си ја облагородуваше, си ја успокојуваше и ја урамнотежуваше својата голема душа низ еден постојан процес на лаицизација кој се остваруваше низ повеќе генерации, низ реминисценциите од верата на нејзините предци во новата вера, со бекташкиот екуменизам.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Генерацискиот конфликт беше веќе тука.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Најблаго речено, нешто слично можел да доживее некој од мене разделен со стотици генерации, некој над чија черупка безгласно сум стоел во Музејот на животот и смртта.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
И тогаш според неговата логика, требаше најмногу да се внимава во вителот на неизбежните војни, во создавањето на новата империја, во револуционерните вознеси на новите генерации во подем, кои на крајот се соочуваа со енигмата на владеењето!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)