гимназија ж.
гимназијалец м.

гимназија (ж.)

Таа дошла со студенти најверојатно оти стои Ми се чини дојдоа за некакви предавања, ми рекла дека пак ќе се видиме оти стално ќе доаѓале на предавања во гимназијата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во старата зграда на гимназијата сѐ течеше бавно и секојдневно како порано.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Оваа латинска изрека ми остана во сеќавање уште од гимназиските клупи.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се најде со некои познати прилепчани и дојде до управата на тамошната гимназија, која во тоа време беше сосема малку посетена.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка ѝ го позна ликот зашто таа одеше и се враќаше од гимназијата низ нашата улица, по кејот крај реката.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во гимназијата и на универзитетот Хегел не покажувал никакви знаци на исклучителни способности, бил повеќе прилежен и уреден колку што обдарен, и по се изгледало дека ќе стане еден од просечните доценти на некој од многубројните немски универзитети.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Голем дел од родителите кои живееја околу гимназијата имаа угледни професии и голем дел беа деца од родители на номенклатурата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Разнообразноста на фасадите, креативноста со којашто беа правени му причинуваше естетско доживување и му го будеше сеќавањето на Битола, пред да почне да биде нагрдувана, во времето кога дојде тука да заврши гимназиско образование.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако селското население и сега си зборува како што си зборувало и понапред и зборува одред низ цела Македонија само на еден словенски јазик, – во градовите, редум со бугарските машки и женски гимназии и основни училишта; насекаде ќе најдеме и српски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во себе девојката лефтерно одби да си замисли каква била орнаментиката на влезот на некогашната женска гимназија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Особено таа недоверба и наплив од Срби во македонското друштво настапи во II година од неговото постоење при инспекторот гимназискиот проф. Јуришиќ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од гимназијата беа истерани Евреите и Србите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Командниот состав, борци очеличени во времето на италијанската и германската окупација, некои со завршени подофицерски школи, други само со основно или гимназиско образование, ги водеа своите одреди против полковници и генерали.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ме најде пред гимназијата и позелене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А сакав да доживеам нешто несекојдневно што учениците од гимназијата не доживеале и не ќе доживеат со нивната глупава покорност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Најверојатно ќе ја напуштев гимназијата ако се случеше вошката што ја фати Нанчо да се прошеташе по кафената боја на костумот и да ја посочеше некој со прст. За среќа, ја улови Нанчо. Сполај му барем за тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Целиот разговор наликуваше на посета на стар и заборавен роднина, полн со непријатни паузи, и прашања, и тоа од оние колку да се врти некој муабет, во најголем дел поврзани со нивните другари од гимназискиот клас.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Прислужникот не веруваше во нашата приказна: тој нѐ испрати до големиот влез на гимназијата и, гледајќи нѐ со поглед полн сомневање, ја заклучи зад нас влезната врата со огромниот клуч.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Отрчав до гимназијата и влегов; се упатив во канцеларијата на директорот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од дворот на гимназијата, најпрвин тивко а потоа сѐ посилно, долета врева на нејасни гласови.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе