главица (ж.)
И наеднаш му текна нешто: тој изрипа од колибата надвор, а кога се врати во рацете држеше голема главица зелка, од која што ги кинеше горните лисја и ги фрлаше надвор.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Го вртеше главичето не знаејќи која постапка е најдобра за да го оттргне од заблудата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
15. КОЈ ЧЕСТО СМРТТА ЈА СПОМЕНУВА, ПОМАЛКУ ГРЕШИ - човекот со тоа на животот повисока цена му давал, уште ако е и бавчованџија тој напросто би решил и кромидовата главица да ја смета за човечка глава...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
На таванот висеа уште две главици кромид и неколку чешни лук, а на врвката се прозираше уште еден тенок ремен сланина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Мајка му го зеде торбичето, кладе внатре едно парче пченкарен леб, неколку зелени пиперки, една главица праз, излезе надвор и му рече: - Еве ти го торбичето!
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Околу половината на снагата имаше опашано шарен црвен појас, во кој беа закачени две-три главици праз и парче пченкарен леб.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)