глиста (ж.)
Месојадните растенија намамуваа и црви и глисти и полжавчиња и жабчиња и гуштерици...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Луѓето се тискаа околу раскажувачот и тој сега личеше на глиста - жилаво издолжена над главите на другите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ни клинови да ги боцкаат во ципите, ни мешето да ги врти од глисти, од далак или од нешто. Немаа тегоби.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Осветлен со зрак среќа занесено подредуваше влажни глисти во тркалезната кутија.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Не. Му ги пробав јадењата...“ „Што јадеше?“ „Кучешка трева со глисти“.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Имам една единствена книга за инсекти, мал застарен прирачник на француски, кој на шега ми го подари една добра пријателка - поради мојата градина, необичноста на сликите, да се забавам читајќи за глистите на еден толку отмен јазик - и мојата бубачка во таа книга е прикажана на слика како се качува низ стебленцето на орхидеја.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А и редовните ствари не се баш ефтини: прашак за буви – 100$, глупости за глисти – 90$, шишање и чешлање – 40$, сечење нокти – 20$...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Неговите колеги го нарекле влакнеста глиста.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Со нив ги лечеше сите болести; ги употребуваше за стомак, за срце, за глава, за жолтица, за кашлица, за задув, за несвестица, за прочистување, за жолчка, за глисти, за треска, за смирување, за мајасул, за приштови и други несреќи.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Таму одев по нужда и само бели мали глисти ми излегуваа, изгледа од температурата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
- Грахм... како да ви кажам... тоа е како бркотниците на мачките во февруари, односно... кога една чавка ќе се оддели од јатото и ќе почне да изведува бесни глисти... Заборавете!
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Најстарата, тета Наца, во својата деведесетта, од прстите глисти ги изникнуваше Шопеновите полонези на раштиманиот метален пиано.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
И доаѓале лекари-специјалисти со очила, со торба, со инјекција, дождалци, пајаци, глисти - со факултети без протекција.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Рибино око
немам око да те видам
имам да те гледам
на свој начин, во свое време
никогаш да не ти се нагледам
од овие сфери, од овие длабини
да те изобличам
да те преобразам
на очите да не си веруваш
така исто сум гледала и молчела
молчела, значи гледала
пред да ме крстиш риба
псариа, fish, poisson,
пред да ми ја откриеш смислата
и од мене да направиш соѕвездие,
знак, уметничко дело
пред да ме уловиш и од себе да создадеш Риболовец
а од мене добар пазар,
специјалитети
пред да ми ги дознаеш употребните вредности
- мои и на моето око, метафизиката
пред да измислиш мамки, глисти, црвци
јадици, со еден збор
јас се фаќам за јадицата
а моето око сѐ гледа и сѐ знае
но таи и разобликува.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Миќо носеше долги панталони, беше некако неубаво издолжен, како глиста, и целата негова физика не влеваше многу верба во она што го прикажуваше, но јас - кусопанталонест - го гледав сепак со извесен респект.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
За красти: темјан, восок, ќуќар, смола. За глисти: лук, желкино јајце, суви печурки, желади...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Еве мустаќ од дождовна глиста. Еве сенка, и бела и чиста.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Нејсе, скршено ли е и секое изводи свои бесни глисти...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)