глода несв.
глодач м.

глода (несв.)

Но мислата која сега ја глоде потаму нема да ја следи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Та сега како слепо кутре ме глода до коска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гласот му доаѓал од далечина и од минатото во кое еден друг Мечкојад сѐ уште во темна пештера глода коски на ѕвер и во кое тројца болни од проказа му се молат на господа да им ги земе душите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оттаму гушнати итавме да се отвориме еден во друг како што се отвора секој сон и како што сите ткајачки ги раздиплуваат своите черги врз кои потскокнуваат големите надежи сеедно што не се гледа баш јасно кој го крка месото, а кој ги глода коските.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Шушка коприната на незаборавот глода свеста гризе совеста јаде жолчката копнее желбата се топи, се впива во лебецот на јазикот а јазикот е совршен акробат во несовршениот циркус на историјата чијашто кожа е дребна бродерија скапоцен марифет народот е и врач, и враг Боже благи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
При секое влегување во даскалницата, Петрета го наоѓавме со камена плоча на скутот како ја глода со тоа едно максуз направено чеканче за кошање камен.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Борис Калпак го легна дното на пушчениот кундак врз штотуку отворен мравулник и рече дека ќе го избрише од дружината кога ќе му ја остави главата на камен да си играат со неа ноќе лисици и лисци, да ги учат малите лисичиња како се глодаат коски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ги глодав тенките ковчиња од крилцата долго, бидејќи мевцето брзо падна, ги глодав без да ми е важен ни мирисот, ни вкусот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но и после, и кога беше совладан од тешкиот сон, таа црвојадина продолжуваше да го глода и да ги населува неговите соништа, терајќи го и таму, и во соништата, да продолжува да се ежи и да се преметнува, да стенка и со некакво чудно завивање да им се одѕива на сите оние расплакани и закискани од ветерот лелеци на дивината надвор.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Денес ќе се глодаме цел ден, а може да се случи и тој да ни биде кус.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Свесен сум дека вас ве глода и друга мака: вие не знаете што точно сака вашето срце.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Можев да се надевам само на онаа кревкост и благост на мевцето, а потоа на чувството на некаква зафатеност (која во исто време овозможува да бидеш зајден), што ја создава глодањето на ковче.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Иљач ми треба за отворенава рана, кажи ми, кажи немиров дозорен што ме глода, Дали може на кантар да го ставам и како без него да го смирам.“
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Глода коски, месо тегне, сака тој безмилосен телото твое в гроб да легне.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Сега се глодаше заради тоа. Можеше да си дојде тука и сам и тие со ништо не му го олеснија неговото доаѓање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Малку Турците нѐ глодаа и ќе нѐ глодаат, сега па и од него беља, — се жалеа селаните по селата каде зашета Толе слободно, бидејќи аскерот и заптиите од Витолиште не се решаваа да излезат веднаш по нападот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше и едно заскитано крајче од мислата за тврдата удина, што можеше да му ја донесе оној самјак вчера, просто го имаше нејзиниот вкус, кога ќе се испече едно доста големо крваво парче, делнато од неа и посолено, веднаш на жарот, така што солта да потплуснува додека го печеш, но сега веќе немаше сили, а ни желба, за да продолжи да се губи во тие сонувања и глодања.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Времето не им е соујзник. Ги глода. Не се даваат, спомен се, паметник на тага и крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, нешто друго, чедо мое, со години ѝ ја глода душата. - О, тето, да не е не дај боже нешто страшно?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Гребе, сече, рие Кртот Во душата свиен, скриен, И со виеж силен, Глода, боде, рие Кртот Во крвта, во стрвта, во жилите, Се будат, заигруваат самовилите, Чиниш полноќ да е, месечина Полна, болна и пеколна, Која ги возбудува и излудува Ноќвите со зборовите, стиховите.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Повеќе