гломазен (прид.)
Го замислувам како лежи горе во гробот, како некој жив во пот го замислувам, легнат со нешто гломазно и тешко на градите. Балвани, надуени и тешки.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
На старомодната комода, гломазна и непрактична, неколку смешни украси, како оние пазарските пластични кошнички со вештачко цвеќе.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Исто така, во Кина по Втората светска војна и по доаѓањето на Мао Це Тунг на власт, се вршеа обиди со замена на гломазниот систем на кинеското писмо со поедноставно кирилично писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сепак мислам дека вам ви изгледа малку гломазен.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа е гломазна и дебела и не може да ги стигне.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Им даваме леб, нивните усни премногу гломазни за да голтаат, со прекрасни бои и хипнотички движења при нивниот од.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Користејќи го гломазниот Icarys software за првпат направил фонт со помош на компјутер.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Четвороаголното претсобје беше наместено како дневна соба, со кауч, две фотељи, изразито гломазни и четворна, сниска, прилично просторна маса прекриена со наштиркано бело милје и една голема зелена стаклена чинија полна со домашни ситници за да ѝ бидат при рака на домаќинката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)