глупав прид.

глупав (прид.)

Сторив неколку чекори и се свртив надевајќи се прилично глупаво дека ќе успеам да откријам што видов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Го краде оловото од глупавите статии во весниците и прави тегови што им ги продава на пазарџиите.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Којзнае не ли ѝ се чудел на глупавата селска тврдоглавост на тие луѓе со свои еднострани реформи и дејствувања за поткопување на темелите и сигурноста на неговиот поредок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Просто ми е непријатно од нивните глупави изрази на лицата и воловските погледи.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
По кратка расправија за суеверието, решив да ѝ покажам на дело дека е глупаво да се верува во несреќа предизвикана од скршено огледало.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ти со тие твои глупави дофрлувања ми одиш веќе на нерви.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Револуцијата напролет ќе биде најглупавото што можеме ние да го направиме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нас не нѐ интересираат вашите глупави престапи што сте ги направиле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој народ, којшто е првата последната причина за сите наши несреќи, со своите глупави постапки нѐ наведе во една нерамна борба со Турците во најрешавачкиот момент нѐ остави на произвол на судбината.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој збор кој ви го говорам е глупав и виновен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Му се чинеше сосем возможно дека едноставно направил глупава грешка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Звучеа глупаво и празно, и никако не можев да му објаснам зошто мајка му ме навредила.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Глупавоста беше исто толку неопходна, колку и интелигенцијата и исто толку тешко да се достигне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Извесно време седеше зјапајќи глупаво во хартијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И наеднаш сфаќам дека всушност јас сум творецот - обликувач на глупавите прашања, и дека со нив всушност настојував да ја омаловажам загриженоста од ситуацијата во која се наоѓав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност, на платното немаше ништо друго освен кругот и потписот, но авторот беше многу љубезен и несебично одвои време да ми ги воочи горенаведените подробности, а тие беа толку очевидни, што ме фати срам поради моите глупави и излишни прашања.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Ајде, да бидам малку и пристрасна; можеби е глупаво ова што ќе го речам: можеа и да го исмејуваат тој Голем Тодор, можеа и да му измислуваат какви било прекари, ама Голем Тодор беше навистина поголем од приказните што се предеа за него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А сакав да доживеам нешто несекојдневно што учениците од гимназијата не доживеале и не ќе доживеат со нивната глупава покорност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Глупав е и смрди, ама е полн со љубов и со нужност.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Повеќе