гние (несв.)
Затоа не сакаме да гниеме, да ги браниме избеганите генералски никаквеци. Говореа, беа селани.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Во утробата му навлегуваше тешкиот здив на гниење и му ја заматуваше главата. Му се повраќааше.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Несреќниците не побарале прошка од никого. Се повлекле зад диви и непристапни врлежи, во земја на вечни сенки и на дивина, да се молат поснички и да гнијат. Им се заборавиле имињата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И тие четириесет и три мали тврдини од оној свет - камен врз камен, во пукнатините на ѕидовите гнијат диви треви, врз истоштеноста легнале неотпорни покриви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Последниот заб му гниел во коренот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Мртвило гние во осаменава душа, жедна за одмазда, зошто предавството беше посилно од љубовта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Полека глутницата се проретчувала. По шумите гниеле заклани волци.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Зошто за ваков ситна работа да гнијат тебе коските и предвреме да лежиш во гробот?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А душата не е од ништо составена, од ништо сложена, таа е проста, без составки - и затоа не се распаѓа и не гние, бесмртна е.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Во последните дваесет и четири часа имав чувство дека е потребно да направам само мал напор и конечно да се откачам од својата корупка којашто веќе гниеше и можеби веќе ја ширеше наоколу својата реа.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Не“, нишна со главата чичко Темелко - „не се потпалило, жешко е и ѓубрето гние.“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И сега талкам по патиштата на веков кон незбиднатите дни а чувствувам од оковот на зборот се ослободува градината оставена бали од облаци врз плешките ми тежат под нив се движи градината и цути и се плоди прецутува и гние и постојано расте под грлово туркајќи го да излета надвор зборот на верноста болот на разделбата Како сенка што се менува а не гине ни в ноќта.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Само што тие звуци ќе бидат неподносливи тишини, тие зборови ќе бедат крвави дождови, а тие погледи сиви сенки, рушевини, висечки градини во кои верував дека ќе го живеам сонот, а сега гнијам, умирам, немоќна пред стравот да признаам дека тој сон беше страст, импулс, желба, глад за моќ, но не и судбина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- И имавме секакви круши: и оскоруши и горници и кајкушки и туѓинки и јакачки и кантарки, црвеникави, што гнијат само зиме. А пакмез...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го ослободија. Ја тука да гние и државата да троши - рече командантот на логорот - ја таму да загине, од една страна е исто, а од друга нека докаже колку ја сака татковината.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дали е тоа навистина исчезнување и на духот и на материјата, на нашето тело оставено да гние два метри под земјата како храна за црвите, навистина ли е залудно сѐ што учиме и за што се мачиме?
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Околу него е послано од круши - некои се јарко жолти, некои веќе гнијат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)