гнилеж (м.)
Уште оддалеку удира смрад на коњски белеги и гнилеж.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
На овој простор пред шеесет години имаше големо мочуриште обраснато со разновидни тревишта и трска, послано со гнилеж од алги кои на далеку ширеа реа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Од тврдината чадеше само некоја гнилеж, некоја задушлива смрдеа што ја сеќаваа и околните села.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Го гледаа секој ден по сончево време или по дожд како шета крај брегот, се пика во трските, шеварот, рошка со рацете низ гнилежот и врбовиот густеж и ја полни торбата со секакви дрвца што ги наоѓаше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Тесна, карпеста патека ги вовлече в шума со високи борови. Мирис на гнилеж и смола.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За какви пороци говориш ти? Ние ќе го збришеме гнилежот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тропаа пополека или во налети по покривите од куќите, му отвораа поткожни дупки на езерото, ја раскашавија земјата, ја скиселија: замириса на комина, на гнилеж, на лигави кожи; го заборавија луѓето сонцето како изгледа, изгревот, залезот: темен почнуваше денот, темен звршуваше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
I Дождовите деноноќно врнеа; туриваа силно, поројно; не се знаеше што е небо, што е земја: споени беа, измешани, каша; урликаа реките, потоците, трапиштата, суводолиците; влечкаа од планините чакал, гнилеж, дрвја; се разлеваше водата низ селото ги поплавуваше дворовите, куќите, плевните, ќералите, кошарите, гаждарињата, бавчите, гумната, нивјето, трлата, елиците, стоговите, листовниците - поплавуваше сѐ; туфкаа луѓето не можејќи да излезат надвор, рикаше добитокот гладен, гракчеа кокошките бегајќи сѐ повисоко на кокошарниците и плевните за да не ги зафати водата што растеше; прегладнети удираа со клуновите по гредите и ќерамидите; кучињата пливаа низ водата влечкајќи удавени животинчиња за да се нахранат; гледаа тажно луѓето од куќите, од прозорците, гледаа во водата што растеше, во дождот што непрестајно паѓаше како да се истуриваше од некои небесни мориња; овошките во градините и дворовите стрчеа со ветките над водата како давеници што бараат помош; полесните предмети: сандаци, кошови, канти, каци и разно овошје, пливаа по водата, одеа каде што ги носеа брзаците.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Сакам ороспиите да бидат што подалеку од театарот затоа што тие, со своите впечатливи бои, со нагонот за брзо ширење и со цветањето во секое време, можат да го заведат истиот, па потоа, нешто слично како Жан во пиесата на Стриндберг, да остане засекогаш покриен од гнилежот на нивните најситни потреби...
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
-Овде, чесно речено, лежи просто лудак - соопштува тој со незадоволен тон - но лудак, знаете ли, со здив на гнилеж; сакам да кажам дека одеднаш не можеш да разбереш дали тој навистина е лудак, или е, што би се рекло, премногу „префриган“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)