гори (несв.)

Дали нѐ горат со запаливи авионски бомби или со артилериски гранати?!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Отсекаде рига оган: гори и тревата и шумата, нѐ засркнува горењето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овој гледа некое време и го слушам, вели: - Селото гори, баба се чешла! – вели првиот и додава, му се обраќа на својот противник: - Што велиш, да ги спастриме прво нив па после јас и ти да си го видиме алот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тој поглед во кој е измешана есенцијата на љубовта и страста вечно ќе пламни во тие горди очи кои горат во крвавиот залез на недопрениот хоризонт кој ги поврзува небото и морето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се виде зошто го прави тоа дури ноќта спроти Илинден кога снопот почна да гори оној час кога камбаната го објави почетокот на востанието.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Во занесот и сладоста ко пијани бевме зошто пеевме песни за искрена љубов и во врелоста горевме двата ко огнови силни
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Сѐ што е на хартија, лесно гори“, одговори тој бришејќи си ја потта од челото. „Треба да се одбегнуваат таквите“...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неколкумина се свртеле кон волето во втората запрега чиј стопан останал да гори зад нив во плиток гроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во очите им гореше желбата Ластовицата среќно и здраво да стигне до своето родно гнездо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Со векови човекот ја гледал Месечината и горел од желба да се искачи до неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Некој пламен од огнот пред колибата ми останал на лицето и гори дали гори...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И твојот лик да не е кој сега би не подучувал како се совладува времето под нозе што ни копа мислата што ни ја јаде и надешта ја гори.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сѐ ми беше попусто зошто сивите галии гореа во пламен од потопи и понори...
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Разрешите и ќе видите како горат и што ќе сторат метафорите и римите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Некој спомна дека некогаш пред илјада години за таква болест гореле живи кучиња.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас молчам и горам ко свеќа запалена под некој голем црквен трем.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Биди ербап сега — не пушчај го", — си зборуваше самата и гореше од желба што побргу да го види Крлета и да го избакне како свое дете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
1 „Ах, ова дете, мил Боже пази ми го, што ли прави ова дете на мајка, вака да ми страда, во оган да гори, треска да ја тресе, а да не можам да го запрам, да ѝ помогнам, од маката да ја ослободам....“ - со светлосна брзина ѝ минуваа мислите на мајка Ленче низ главата, мешајќи ја зеленчуковата супа на шпоретот и спремајќи нови ладни облоги за Томето, најмалото и најубавото дете од нејзините 8 деца.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе