гостин м.

гостин (м.)

И станувам усвитен камен Метеор желен за Мајката Земја Со благ допир Го отворам просторот За глобално затоплување Во собата полна со гости Од жарот пишти змија
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Сѐ уште татко ми не бев го открила меѓу гостите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Оставете го гостинот, рече тој, првин нека се одмори, па потоа ќе видиме што ќе биде и како ќе биде.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Знаеше дека на неговиот гостин му е потребно малку повеќе простор за неговите игри и дека тој сега ќе може и самиот да си го изнајде тоа и не отиде со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Но, јас немам гости. – Возврати џвакајќи – Никогаш не сум била толку гостољубива за да ми дојдат гости на кои ќе можам да им призачувам од вакви слатки, преслатки работи!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Го гледав како се движи, можам да речам, пргаво за своите години и за својот статус на гостин. Да се рече подостарел, е малку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Софија нема толку хотели за да може да прифати толку голем прилив на гости и туристи од земјата и од странство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Доста го зготви петелот и пред да се заврват гостите, отиде во земникот да не ја видат така како Ѓупка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Го остави послужавникот на столчето блиску до вратата и дојде до масата прво да се поздрави со гостите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Обично ние го носевме пред гостите подавалникот со топло мирисливо кафе што го вареше Мајка, со локум и вода.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Домаќините ги пречекуваа гостите срдечно и топло како и секогаш пружајќи им на сите големо внимание.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Колку што беше во негова моќ се трудеше да им се допадне на своите гости.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Коњот го врзале в пондила, а него и детулето ги однеле во гостинската одаја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само што овој втор ноќен гостин одеше спокојно, како да не му е првпат да поминува од тука и не се обзираше плашливо на секој шум.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Пиеше сега во својот стан и смуртено го славеше роденденот на својот гостин.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пред девет часот Петра тргна од маса на маса да наплатува со што всушност на гостите им ставаше на знаење дека е со намера да затвори.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Можеше меѓу гостите да има и славни лингвисти, особено албанолози, но се случуваше да има од гости и од „своите”, од соседните земји во кои живееја Албанците или од подалечната дијаспора, и најчесто имаа посебен третман.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа сметаше дека грабнувањето на двата стола е всушност најмалата казна што можела да ѝ се одреди на кафеаната со оглед на сите вознемирувачки ноќи што ни ги приредуваа гостите на овој локал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред колибата, на долгиот трупец што служеше како клупа, седеа гостите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе