гостопримлив прид.

гостопримлив (прид.)

А времето во Лајпциг не беше многу гостопримливо за посетителите на велесаемот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нѐ пречека гостопримливо без многу зборови, иако Змејко си дозволи со него да разговара како со близок роднина.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Простодушна гостоприемливост и почит сјаеја на исончаното лице на стариот Елисон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Чан-Јок, гостоприемлив, куќата чијашто често беше во секое време за сите отворена . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Мајка ти, значи, била гостоприемлива, реков јас. Некогаш така било, жените ги криеле поубавите залаци дури и од децата, заради гостите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се надевам не мислеше дека пак ќе бидам топла, гостопримлива и заљубена, па ќе дозволам да живее три месеци кај мене, како што беше пред две години.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)