готово (прил.)
Продолжи првин со одење, во кое имаше и демнеење на мигот, во кој таа и би се вратила, а кога човекот немаше со што да фрли, таа зеде пак да се шиба огромна и блиска, каква што беше, за да можеш да ги здогледаш и црните српови од ноктите на нејзините шепи, за да можеше да го видиш секое превиткување на тупата болка во нејзините скокови, за да можеш да ги видиш и нејзините крвави непца, за сето време испуштајќи некакво подмолно завивање, полно со една ужасна, здржана, придушена бол, а Змејко, кој уште на првиот нејзин чекор знаеше дека ќе мора да отстапи, сега, кога она завивање нараснуваше во некакво ужасно стенкање кај она ѕвере, готово да расчешне сѐ, што ќе му се најде на патот, го сети дивиот ветер како го подига угоре и како го урива во провалијата под неговите петици и расплакан и сосема совладан тој отстапи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тие уште употребуваа борина за светло што сами ќе ја насечеа по боровите кории, тие уште носеа кошули од домашно ленено платно, тие уште јадеа домашен, црн ’ржен леб, иако цело село од поодамна се беше свртело кон готово, купечко бело брашно.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Марија, спокојно ѝ рече. Не плаши се. Еден мал зарез од десната страна на стомакот, сосем мал зарез, и готово.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Народон кај нас не ги знае тие работи. Ќе го призавиткаат малку-многу со лико местото и готово.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Колку се рече дека сѐ е готово за венчање.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А најдобро е да убие. Бам и...готово...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Меѓутоа, кога сето тоа било готово, потребата од луѓе била сведена на минимум: еден ќе требало да го запали фитилот во визбата на бакалницата и да исчезне без трага и еден кој требало да се качи на бродот, а чиј живот можел да биде најмногу загрозен.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Беше готово да се усвои идејата на сите нивоа во градот и во Републиката, но не ги издржа критиките на партискиот врв и власта во Федерацијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тестото, кога ќе биде готово, се собира во платеноно цедило и кога ќе проврие водата, се спушта во котелот, но така што да не го допира дното, односно со конопен конец се врзува за рачката на котелот или за камушките и се остава цела ноќ да врие.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На Велвет им беа потребни појачала, па повикавме неколку продавници и се обидовме да ги набавиме бесплатно, но сѐ што успеавме да добиеме беше скромен попуст ако платиме во готово.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ми рече дека со него е готово, ќе се убиел. Ги искоцкал вечерта сите пари.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Додека планинарот се искачува по јажето, тоа може да се откачи и готово е со него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ако се помести за четврт влакно... да се мрдне само за микрон, да се погледа низ него, тогаш е готово! доста е! се останува проклет за цел живот!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
За дваесет и четири часа сѐ ќе биде готово.”
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Кога сѐ беше готово, фотографот уште еднаш се премисли.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Народот (мислителот или историчарот кој го употребува без иронија се дисквалификува), добро си ја игра улогата која му е наменета: да се потчини на настаните и на фантазмите на владите, готов секогаш за нови потчинувања и страдања, прв на браникот на жртвувањата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Иако се ближи кон шестата деценија, по својата виталност и активност тој прилега на момче кое е готово да прави хируршки интервенции уште многу години.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Еден сон што го сонував. Сонував дека сѐ ќе заврши, и еден глас што вели дека сѐ е готово; не некаков глас на кој би можел да се присетам, туку онака, глас, и ми вели како тука на земјата сѐ ќе застане.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Како сите станавме толку послушни? Зошто толку ги земавме работите здраво за готово.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)