граблив (прид.)
Талкач во мојата непроодна душа Си Ти Незгаслива жега, пеколна суша Си Ти Како солзи што в грло ме гушат Си Ти Како цвет на крајпатна дива круша Си Ти Како тихо ехо што в мисли го слушам Како вител спомени што ме рушат Граблива птицо плашливо молам – твојте номадски крилја ги свиј! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Паралелно со нашата улица живееше, се давеше во грабливост и трешереше во претсмртен грч чаршијата - теснограда, безработна готова на детски бесмислености и ситни кражби.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Набожни, озлобени, додворливо наведнати пред власта, иако многумина од нив луто ја мразеа нејасно и потајно барајќи нешто што не ќе е вака - жандармско, даночно, грабливо, нешто што ќе е без тешки потковани чевли под чии клинци тие се виткаа со бавност на црви.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
За награда ние од Стан го донесовме син ти, толку нажалени сите: да не биде храна на птиците грабливи, нити плен да им стане на пците.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Птичишта некакви, неспокојни и грабливи, крескаат низ дрвјата и му отстојуваат на шумот што се крева од нашите стапалки.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ја натера гневот, та викна луто мајчината уста: - „Зар повтор со злосторни ужасни мисли сте полни, скитници, грабливи страчки?!
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Војна, мислеше. Хистерична минијатура на човешката грабливост.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
-Да, но грабливиот јастреб ми долета, сега јас треперам од страв да не ме повреди – се сожалуваше згрченото лице на Еразмо.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тркалезнообразен но со истакнати вилици и како вегав, те гледа со главата свртена в лево, како некоја граблива птица.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
АРСО: Во животот, Теодосе, има многу пострашни работи. А најстрашни се: лошо срце, лакомо око и граблива рака.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Првичниот страв на Милан беше дека грабливиот ѕвер влегол во кокошарникот и сè живо исклал.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)