градежен прид.

градежен (прид.)

Речиси месец дена градежната афера беше главна медиумска атракција во државата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Со диплома на градежен инженер се вработив во Дирекцијата за обнова и изградба на Скопје и ја градев Народната и универзитетска библиотека, Архивот на Македонија и Институтот за национална историја, Театарот на народностите, Музејот за современа уметност и комплексот музеи на Македонија и други објекти.... Таков пат поминав...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој ќе ги издвои следните најраспространети заемки: ќересте, градежен материјал (од персиски kereste); зајре, се употребува за означување градежен материјал, но и за храна, јадење, прехранбени артикли (од арапски zahire); тула, тугла, печена, фабричка цигла (преку грчки, односно латински tula); ќерпич, непечена, туку сушена цигла.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Расфрланиот песок, мешалката за бетон и друг градежен материјал, сведочеа за градбата на куќата која однадвор сѐ уште не беше завршена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа беше како травертин, онаа тврда материја која беше настанала од талогот од варовните топли извори, па уште од најстаро време служел за одличен градежен материјал, од кој е изѕидана црквата Свети Петар во Рим.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И пак Претседателот, кој не можеше да го најде оној прост, едноставен потпирач во разговорите со него, оној човечки јазик за неколкуте недоградени павилјони на нивното здружно летувалиште, она дека градежната бригада ги доберуваше последните чкорки дрво, поминато под бичкија, оној толку разбирлив говор за работата, џбонаше нешто наоколу со мислите, рече нешто дури и за пролетаријатот, за авангардата и за местото на работното селанство во сето тоа, сѐ додека не се заплетка во своите високи реченици од весниците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се измени на почетокот текот на реката, а по завршувањето на градежните работи, две години подоцна, дојде и до нејзино целосно блокирање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Притиснат од егзистенцијални проблеми и согледувајќи ја целокупната ситуација во Македонија на полето на „пазарот на труд“, како и многу други кои се приморани да донесат дома нешто за јадење – Јакшиќ, со своето тукушто формирано семејство, во 2002 одлучи и започна да работи во споменатата градежна фирма како општ работник – непријавен и без никакво осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Широкиот асфалтиран пат, дело на нашите од градежното претпритјатие „Гранит“ се протега долж тесната клисура на чии падини како печурки се начичкани бетонски бункери со сиви капаци, остаток од недамнешно време.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Откриена нова фантомска градежна афера.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Работеше нешто, повеќе белешкареше, за она време додека Змејко беше бригадир на градежната бригада, тоа време имаше доста такви белешкари и евидентичари, крај оние што работеа и што се натпреваруваа, а кога Змејко откажа да остане бригадир, тогаш уште првата утрина старецот ја изнајде некаде и ја зеде под мишка една стара заборавена и извалкана од рѓата синдикална книшка од 1922 година, што се беше сочувала меѓу алатите и отиде со неа кај Претседателот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По некој ден од судот дојде градежен техничар, како вешто лице, и судски записничар. Извршија увид и направија записник.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Другиот ден дојде градежна механизација - четири булдожери - и просторот за кусо време беше срамнет.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таткото на невестата у непотистички манир го вработи зеткото како шеф во неговата градежна фирма каде удираше штембили и ги надгледуваше работниците.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Змејко прво беше бригадир на градежната бригада на нивната Задруга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
10.  Во главата која носи наслов Кривични дела против општата сигурност на луѓето и имотот, постои казнена одредба со наслов „Предизвикување опасност при градежни работи“ која гласи: Одоворно лице кое при проектирање, раководење или изведување на некаква градба или градежни работи ќе постапи спротивно на прописите или на општопризнатите технички правила и со тоа предизвика опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери – ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога навршила 16 години, добила понуда за брак од мојот, сега веќе покоен, дедо кој бил, ни помалку, ни повеќе 11 години постар од неа, но затоа пак бил мајстор над мајсторите во градежниот занает.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Костадиновска работеше на позицијата градежен техничар. Претпријатието во кое таа беше во редовен работен однос функционира во градежниот сектор и се занимава со извршување на градежно-занаетчиски работи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ритуалот траеше за време на целата градежна сезона.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Филип беше поткачен на едно купиште градежен отпад и викаше накај другарите: „Ништо! Циркусот заврши! Кантите ги ставија во комбето.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Повеќе