градест (прид.)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Рекламите со градести убавици ќе се провлечат покрај кадровите со илјадници извадени силиконски дојки фрлени на куп, но никому нема да му падне на ум овие кадри да ги доведе во иронична врска.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)