градилиште ср.

градилиште (ср.)

Никаде да се види некое друго градилиште, ни да се чуе глас на мајстор или звук на мистрија.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Прилегаше на огромно градилиште и движењето по него не беше многу пријатно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А по некое време, кога беа веќе зафатени во еден голем град и откако работеа доста за да можат да сетат што значи да се кажува копанката со вар и песок горе; на високото скеле на една раменица, откога можеа да сетат што значи и сѐ друго тука, старците често пати знаеја во слободните денови, или онака, делник ден, кога немаа што да прават во градилиштето, да ги пуштат сите нив да прошетаат по улиците на тој град, да го видат, да го рашетаат градот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Изненадени сме од видикот на мноштвото градилишта.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еве, и суетата спласна, па стојам пред тебе и гол сум регрут додека чекам - дали е слободно уште она место на градилиштето за кое ми говореше?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во градовите илјади безработни топеа сили крај високите, угаснати оџаци на фабриките и под пустите посивени ѕидишта од напуштените градилишта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да влезам како питач со тажен израз и подадена рака - молам пари и љубов; кога ќе станам економ на едно планинско градилиште ќе ви пратам света планинска водичка и чесно ќе се оддолжам.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Висока ограда од црно обоени ламарини. Се чини дека зад нив или е градилиште или магазини.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ги ѕидаа, тие нови куќички, во еден прекрасен ред, се радуваа заедно со дечињата, што беа останати без куќи во оние неколку воени ноќи, така што веќе беа одвикнати да имаат своја дома, а сега од утро до мрак стоеја крај нивното градилиште и гледаа како никнат нивните нови куќички со своите чудно умни и не според возраста загрижени очи, а после очите на сите мајстори им солзеа, заедно со придушениот плач, измешан со бранливата и надојдената во сапови смеа, на тие дечиња, додека им помогнуваа да се населат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Знаете ли што е со она место на планинското градилиште?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Обиди се еднаш и не заборави: тие живеат в град, не на градилиште.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Би сакал со нив да се видам, но само на некое наше градилиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имаше стотици работници на градилиштето, можеби и илјадници.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Говорам за тоа градилиште како таму, меѓу гуштери и камења, да ќе ми се реши судбината.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На петнаесет дена пред Митровден, народот што ја минуваше Жепа преку греди, малку погоре од градилиштето, забележа првпат дека од обете страни на реката, од темносиниот камен од шкрилци, се задава еден бел мазен ѕид од делкан камен, преплетен од сите страни со скелиња како со пајажина. Оттогаш секој ден растеше мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, луѓето веќе престанаа да се вртат околу градилиштето, зашто смешната шапка од магла сосема нѐ криеше од нивните погледи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таму го испратил главниот инженер за да подигне нешто тешко, или да ги истресе килимите, а таму беше и таа жена, таа коза, што се фрцкаше често по градилиштето со своите пењоари, или пак со градите испрчени напред под својата жолта блуза.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Главниот инженер, проектант на објектот, наведнат над своите планови како над кори од зелник под сукалото на голите раце, кои не ги разбираше никој жив не од градилиштето туку ни од штабот, со својата глувчеста муцка и проретчено теме - по ништо не беше фотогеничен, а и никој не инсистираше да го снима.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На излезот од градот, на стрмнината над патот, градилиште.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе