градоначалник м.

градоначалник (м.)

Така, тие можат да бидат работно ангажирани за извршување на јавни работи до пет дена во месецот, како и за извршување на сезонски работи и други повремени работи од страна на градоначалникот на единицата на локалната самоуправа, јавните претпријатија и јавните установи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Партискиот секретар на градот и градоначалникот се искачија на парадната бина за да се сретнат со водачите на козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Губеше иницијатива во овие решавачки мигови, па мораше сосем да му ја препушти на градоначалникот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ме обзеде силна возбуда додека ја читав телеграмата на градоначалникот на Поградец со која ме повикуваа на свеченото доделување на титулата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дури и да не беше градоначалник, тој не ќе престанеше со навиката, со џепниот часовник да ја контролира точноста на градскиот саат, а со подгледнување во хронометарот на врвот од саат-кулата изградена во венецијански стил, да го уточнува својот сопствен часовник.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој стана градоначалникот на Закинтос, главниот град на истоимениот остров зашто беше омилен меѓу жителите и избран како честит и примерен жител, за прв човек на главниот град на островот, но според авторитетот, би се рекло и на целата островска заедница што броеше близу триесет илјади души.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сѐ беше врзано во некаков проклет маѓепсан круг од кој тешко можеше да се ослободат секретарот, градоначалникот и сите други по ред.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во едната од поволшките околии имаше градоначалник од три и нешто аршини висина, и што?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И додека траеше и грмеше музиката, на бината се редеа владици и попови облечени како за голема богослужба, високи армиски и полициски офицери со сите одликувања обесени на градите, градоначалникот на Костур, селскиот даскал, кметот, новинари и други непознати лица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа, не е одвишно да се рече дека во пленувањето на женскиот пол, градоначалникот треба да ја бара осаменоста и воопшто да не ги пренесува своите дејности во гласност или во разговор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во своите нови молитви, духовникот се заблагодаруваше за неповторениот божји дар, од името на сите спасени, завршувајќи ги молитвата со зборовите: „Твојот слуга Хрисостом од длабочината на душата Ти благодари што Го почести да го почувствува слаткиот вкус на победата на Доблеста над секоја овоземна припадност”.  Во свеченостите на островот, владиката и градоначалникот учествуваа години потоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Градоначалникот беше човек во години, одмерен, макар што ги знаеше границите на својата власт, а кога беа со партискиот секретар на градот еден спроти друг, му ја препушташе нему иницијативата, овој пат му стана веднаш јасно дека сам треба да ја преземе иницијативата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Партискиот секретар и градоначалникот ги свикаа надлежните служби во општината, во присуство на членовите на партискиот комитет.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На оној што ќе го разбуди градоначалникот градот му го подарува. Попусто.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
„Ами што го бараш градоначалникот“, рече Сотир Лековски, „кога знаеш дека е тој изгубен случај, нова општина, крал без кралство, го видов како бере смреклинки“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Одбрани луѓе, во ексклузивен хотел на морето, коктели, прошетки, приеми од страна на министри и градоначалници, возење со посебно закупен брод, размена на книги, телефони и адреси.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За празниците, на секретарот на партијата и на градоначалникот, Чанга им испрати и по каче висококвалитетно козјо сирење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Додека се симнувам по скалите од горе надоле слушам шепотење: „Ама ти давам ишарет цело време, не зборувај против партиите, овој градоначалник, оној градоначалник, гарант е од некоја партија.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Затоа, сметајќи дека сите денес постоечки униформи само во мала мерка ја задоволуваат оваа битна цел, јас сметам за неопходно да се состави специјална комисија по овој повод, која ќе добие препорака да ја скицира униформата на градоначалникот. 128 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во тој след од постапки на градоначалникот, Беренц препозна блага нервоза и желба за одлагање на средбата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе