графа ж.

графа (ж.)

Не крв и не заседа на таа крв. Не ја виде црната плима во мене зашто ниеден акт на светот не може да ги нареди под графата души црните плими.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тие не можеа да разберат дека не постојат графи кои ќе ја заробат хуманоста и желбата да им се помогне на оние кои работат за да преживеат, скршени во своето достоинство.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Првите закани уследија по успехот (јас си припишувам дел од тој успех себеси) кога проституцијата од Заводот за статистика во Стандардната класификација беше заведена во графата на занимања како професија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во матичните книги нема графа тага.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие не можеа да разберат дека не постојат графи кои ќе ја заробат хуманоста и желбата да им се помогне на оние кои работат за да преживеат, скршени во своето достоинство.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не, другар брат. Ти нема да ме стиснеш во свој параграф и да ме залепиш со печат во своја графа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Следуваше графа во која беше напишано: Нигериско село (напишаното пречкртано).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)