графема ж.

графема (ж.)

Степенот на отсуство на поклопување помеѓу графемите и фонемите неизбежно се одразува во бројот на арбитрарните „правописни правила” коишто децата мораат да ги научат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Грчкиот декаден броен систем го услови оформувањето на декадниот систем на бележење на броевите со помош на графемите од грчкиот алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
За системите на писмо може да се зборува врз основа на графетички фактори, како што се големината, стилот и конфигурацијата на симболите, или смерот на пишувањето; но ова не ни помага да ја разбереме суштината на графемите и како тие се употребуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во создавањето на грчкиот алфабет по пат на прилагодување на феникискиот систем на писмо кон грчкиот јазик во целост е сочувана парадигматиката на протосемитскиот систем, при што под парадигматика го подразбираме редоследот на графемите, нивната бројност и нивните меѓусебни односи во рамките на дадениот систем на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пиктографско писмо Во овој систем графемите (коишто често се нарекуваат и пиктографи или пиктограми) овозможуваат препознатливи слики на постоечки нешта.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
1. Македонската азбука содржи 31 писмен знак (буква, графема) со кои се бележат македонските гласови (фонеми).
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Можни се следниве појави: а) еден глас се обележува со една или повеќе букви, и б) една буква самостојно означува неколку различни гласови или влегува во повеќе буквени групи и означува повеќе гласови.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Во системот на слоговно писмо (силабариј) секоја графема одговара на говорен слог, обично на еден пар согласка- самогласка.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Логографскиот систем содржи неколку илјади графеми.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Италијанскиот консонантски систем е сличен со македонскиот.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Се чини дека со опре­делено упростување од глаголицата биле позајмени неколку графеми за означување на специфично словенските фонетски вредности.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако кај дел од англиските самогласки постои преклопување на фонолошките домени со македонските самогласки, речиси секоја англиска самогласка може да се квалификува како непостоен глас во македонскиот јазик.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)