грациозен прид.

грациозен (прид.)

Но американското тело, убаво, здраво и така бесцелно... со тие бицепси и трицепси, палаво, активно и грациозно како кобра...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со својата грациозност и безгрижност, тоа како да поништи цела една култура, цел еден систем на мислење, како Големиот Брат и Партијата и Полицијата на мислите да можат да бидат сведени на ништо со едно единствено прекрасно движење на раката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Наспроти обемноста и тежината на неговото тело, движењата му беа впечатливо грациозни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Цветна разиграна река жуборливо потече кон Плоштадот Македонија, предводена од горните јавачи на коњичкиот клуб „Илинден“ - вистинска атракција: овие грациозни животни, тотално истиснати од моторизацијата, елегантно се движеа низ урбаниот простор, низ улицата Македонија, а негуваните тела и гриви светкаа на пладневното сонце.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Што ти не реков за мачката, за нејзиниот склад на телото, за грациозноста на движењата и за вештината, за достоинството, за продорниот поглед, за тоа дека човекот со мачката се поврзува преку чулата, дека во тој поглед тие еднакво реагираат еден кон друг, за разлика од односот на човека со кучето, каде што врската е повеќе социјална и тн.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На своите сличуги тие сновеа фина, грациозна бале – игра.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Запре на шестото поглавје и започна да чита за епизодата кога со свештеникот водат голема и грациозна дебата за книгите на рицарот Дон Кихот од Ла Манча, кога дел од неговите книги се запалуваат, а останува спасена незапалена само првата книга за ритерството печатена во Шпанија во 1490 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Рози имаше нежни црти, чист и мазен тен и висока и грациозна става.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Татко ми, откако го внесе Чанга во суштината на митовите, се обиде да го дополни поранешниот одговор: – Митската легенда ја претставува козата како божја пратеница која во ликот на грациозната убава Алматеја ќе го дои Јупитер, како дете.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од такви трауми човекот откако ќе се соземе се движи во грациозен синхронизиран ритам со светоста на новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ќе го наполнеше бокалчето со вода од маалската чешма и со грациозен од ќе се вратеше во одајчето, единственото што го имаше во куќата на брата си.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Забележливо витка. Грациозна. Чекори полека. Достоинствено. Фризурата крената; косата собрана на темето. Разголен врат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
— Не, ќе вели, немам грациозност.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па сепак, кога ползат, нивното извивање е подложно на законите на грациозноста.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Иако силен и огромен, тој сепак во неговите очи изгледаше танок и грациозен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)