грев (м.)
Уништи ја Господе нивната бесрамност измери ги нивните гревови тешки царуваат подлеци со својата глупост доблесните страдаат од нивните грешки
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Многупати другарував со ГРЕВОТ со тој бесрамник и подлец знаеше да ме излаже често а јас да му верувам слепо
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Му закажав војна на инаетот од инает сакав да го згазам и закажав војна на омразата зошто и неа ужасно ја мразам Му закажав војна на гневот го прогонував и кон него се гневев му закажав војна и на гревот за малку и него ќе го средев Му закажав војна на стравот и сакав од страв да го стресам му закажав војна на егото и него да го обесчестам Му закажав војна на лукавиот и лукаво сакав да го сотрам ѕверот се разбуди во мене да го уништам и него ќе морам Си закажав војна со себе безпоштедна со премногу мртви си закажав војна без крај војна со страдања и жртви
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Не било грев да се определам ни за едно ни за друго...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Разбери ме
не можам повеќе
да те создавам
да те лекувам
со поштенски марки
нема повеќе
да патуваш
сакам
да верувам
молци
ги јадат
адресите
во мене
интимно
се топат
некои санти
и паѓа
горчлива
сенката
на времето
кога се кастрат
лозите
и поривите
а билјето
развива
бујно
како грев.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во мене го селам
на душите препевот
на претците гревот
и кога те напуштам
и кога те очекувам
како мугра лелекам
и не преболувам
само меѓу луѓето
да ме распознаваш...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Кој не знае божја казна го чека А кој премногу знае ќе пати дури три века) Ако спремен ти си да признаеш вина штом гревови те стигнаа од кармата
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Доаѓате сите вие Со црвени пеперуги на усните За исцелување од гревови Со лути змии во табаните Што ве носат на погрешни места.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Пливаш во парите, ја уживаш моќта но образот ти е избербатен беднику неподнослива реа се шири ко кочина од тебе лажлив контаминиран скоту Затни ја таа слаткоречива муцка биди за момент доблесен и признај колку ли гревови носиш со себе додека пред сите изигруваш светец
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Потоа среќавав а сега многу добро познавам и такви поединци на кои гревот им служи за пријатна забава и убав помин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се сметаше за голем грев ако некое дете растури ластовичино гнездо, убие штрк или им ги земе јајцата.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Отсега ние ќе треба со нашата патриотска рабата да искупуваме нашите гревови пред нашиот народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Голем е гревот на мојот мрачен обид да ги сквернавам нашите легенди.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
А се разбира можел да го спомене и библиското јаболко на гревот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Неговата слабост кон жените не му се пише за тежок грев.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дојде време за Содома нова Спасителот мора пак да се врати дојде време за откровение на Јован секој за своите гревови да плати
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Дали Даниел сега чувствуваше дека се прочистил од она за што тој веруваше дека е непростлив и незаборавен грев направен против него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нема толкава црква што може да ни ги прости гревовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Отруен од егоистични поети и нивните патетични стихови книгите им се облеани со прашини самобендисано се читаат себеси Трујат со песни непотребни и надмено глумат богови на поетски средби здодевни секогаш изнудуваат проливи Проклети силувачи на зборот бесмислени и неинтересни колку ли терор претрпел листот од нарцисоидни убивачи на песни Потрошени се листови тони хартијата претрпела грев и наместо поетски трипови хартијата би служела за огрев
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)