грицка несв.

грицка (несв.)

4. Сетики знаете дека има разни коали Има коали чауши и обични мали гладни коали Има коали со здрвени вратови Од сонување саде во една иста положба Има коали кои не гледаат ни централни ни споредни вести И ич бутур не им е заради тоа Коалата не е коала ако не грицка лисје од еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Со врвот од моливот длабеше дупки во дрвото од клупата и нервозно грицкаше праменче од косата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Младоста ја минувате на корзо грицкајќи семки. Не читате ништо потешко од стрипови за гусари.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Наместо овошје и зеленчук грицкам американски витамини.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ема грицкаше ливче од рузмарин од гранчето во гарнирот од малата вазна на масата, а потоа отиде до клавирот и со нежен, повеќе ритуален допир на клавишите со прстите од левата рака отсвири неколку такта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Забрането е да расте сончоглед на полињата (дозволено е само негово грицкање) Во спортските сали се емитуваат репризи од документарци за здрав живот
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Како трудница се тетеравеше, час на едната, час на другата страна на брегот, поткопувајќи ги бреговите и секој миг грицкајќи по залак од плодната банатско-бачка рамнина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Какви зими, такви рими: жена ми и син ми во туѓина китат елов садник и кршат погача за бадник јас пак сам кмишам дома ко во мечкина утроба трома грицкам виртуелен сладник а татковината ни – гурбетчиски расадник.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Гледам врткало зајачето околу нив, грицкало изгледа млади гранчиња, потоа претрчувало до други смреки па кружело и околу нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Оттогаш Ќ секој ден седеше крај прозорецот и грицкаше парчиња сланина чекајќи ја дебелата љубена.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Интересно им стана: малу-малу и ѕирнуваа кон нас: вртеа со шиите, преминуваа со раката по носот, го грицкаа моливот и одвреме-навреме ги вртеа очите кон нас.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Ех, кога забранија да се грицка и да се плука во киното, пропаднаа многу професии и обичаи“, на крајот од разговорот заклучи мојот пријател.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Спокојот кубе коса. Совеста си ги грицка усните.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Многу се таквите што сакат да седат во публика, да грицкаат семки и да чекаат голови. А треба да се трча. Да се трча!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Стопаните купи книги и весници, глувците грицкај, според узусите на меѓународната поделба на трудот: едни купуваат, други читаат, трети грицкаат.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
По тој повод, на моите демоде образи им дарив долгнавеста О брада, а на брадата долгнавесто луле за грцикање.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Се храни со сирова храна (зошто нема кој да му готви), грицка непечен сончоглед, голта семки, клие пченица, пие вода со магнезиум.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие не постоеја за него. Лежеше. Се одмараше. Грицкаше семки и - се здодеваше...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Светлана ја гледаше радоста во очите на Рада. Длабоко во себе ја грицкаше скриената јанѕа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За време на кино проекциите во салите масовно се грицкало семки и слични нешта, а лушпите ги плукале пред нозете или во тилот на оние што седеле пред нив, се разбира, ако за истите не располагале со податоци кои ги откриваат како активни членови на боксерски клуб со назив „Младост“ или на борачки со назив „Балканец“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Повеќе