грнета (ж.)
Тогаш другарот Колојаноски ќе дувнеше во грнетата и тие несреќниците ќе почнеа кој како, како пијани, излудени, сосема избезумени, црни сенки, страшни, да се веат ваму-таму, чиниш некој лош ветар ги носи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Свири музиката радосни звуци, се извива гарнетата над сите нив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Другарот Колојаноски беше ти свирел на грнета, стар занает, а Метеорот нешто малку знаеше да трга на хармоника.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Гарнетата посилно писна, вратните жили на свирачите пак се напнаа - сите со пеење ја подзедоа песната, саканата песна на домаќинот: „Свири, свири Караѓуле, Свири, свири едно чамче, Да поигра ќира Фанче, Ќира Фанче охриѓанче...“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
На врвот од веселбата Јехуда и Алегра ги креваат заедно со столиците на кои седат и - во ритамот на веселата музика во која се извива звукот на гарнетата што младоженците толку многу го сакаат, сеќавајќи се на нивниот прв заеднички Пурим - ги носат над своите глави, како цар и царица на свадбената свеченост што продолжува... И никогаш не прекинува да трае.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)