гробница ж.

гробница (ж.)

Од туѓите соништа градам чудни гробници секој бел камен зглавје е на мртов сон.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Не требаше татко ми повеќе да длаби во сеќавањето за да дојде до нови докази дека некоја од пештерите во утробата на Калето ќе му биде гробница на Чанга со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Забците на неговата гробница се склештија и го затворија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во далечината јато жерави се спушташе кон копното, упатено до еден од најголемите птичји резервати во светот, во една од нивните можни гробници, кога по илјади години по последните летови завршуваа во фосфати Најпосле помислив на писмото што требаше да го напишам на Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дали пештерата им заличува на масовна гробница?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Најпосле престана дури и да мисли на стерната, на оваа заборавена гробница на минливоста.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ова беше јасен сигнал во размислите на татко ми дека Чанга го избрал големото скривалиште на Калето за гробница за себе и за козите, за сите кози на градот, сакајќи докрај, и во смртта, да остане достоен за големата љубов.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од говедската гробница се јави мукање и ,ржење на пцовисаните говеда и коњи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Минуваше со часови крај својата гробница, суверено бараше да се менуваат нејзините димензии, борејќи се со напливите на суеверие дека готовата гробница го доближува до смртта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тврдината беа измешани остатоците на врвовите на Истокот и Западот, како гробница на минливоста, како вечен поттик за метафизичките размисли на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од бочната страна таа личеше на мавзолеј, а отворот во основата сугерираше на влез во подземна гробница.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Гласот доаѓаше од позади една гробница. И ја здогледав неа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Татко беше погребан во предниот, поистакнатиот дел на муслиманските гробишта, близу една асфалтирана патека, веднаш спроти неколку еврејски гробници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ама тој е веќе остинат. Како да бацувам некој студен камен, некоја мраморна гробница.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секоја грмушка и секој камен на Грамос претворете го во гробница на монархофашистичките орди за да се осуетат поробувачките планови на англо- американските империјалисти, за да стигнеме до победата...”
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
– „Не ќе жалав толку, Боже, си велела со жалосен глас, за Силјана мој, ако беше умрел овде, барем гробнината ќе му ја знаев и свеќа ќе му палев, ами како да не жалам и да не плачам кога в море може да се удави одејќи на тој пусти аџилак.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Пред Домот на инвалидите имаше многу странци што чекаа на ред да влезат во овој спомен -музеј, посветен главно на Наполеон, зашто тука е и неговата гробница.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Заскитаната желка ползи по асфалтот. Праисториското животинче, што ги минало мочурливите сништа, пајажините, менливите гробници, неминовно го пречекува смртоносниот метал на четири тркала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сврталиште на смртта и гробница на несреќници, - секавично му мина мислата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги следеше посмртен марш, се упатуваа кон отворена гробница околу која беа старите превоспитани логораши со лопати живи да ги закопаат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе