грозјебрање (ср.)
Грозјебрањето беше во ек. Уште стоеја јасните дни.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ми плачат децата. Лозјето е за нив радост: грозје, грозјебрање, благо вино...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
„Муст“ - така велат Романците за ширата - секој пие и се чини дека во грозјебрањето цела Романија пие само шира.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Соколе решува да побрза со грозјебрањето, веќе сме кај Богоројца, скубнува негоде-годе по некое зрнце - зрело е, слачно, би можело уште малку да дрочи, Но што вреди кога арамии го берат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)