група ж.
групација ж.

група (ж.)

Секоја група ќе ја предводи по еден од вас, поради тоа што патот и приодите добро ги познавате и лесно ќе можете групите да ги протнете низ бавчите и оградите ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Овој именски склоп може да се подели во три групи на зборови: Bains de gros the pour grains de beaute sans trop de bengue.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Владата мора да покаже дека е вистински посветена на целосната интеграција на сите етнички групи во земјата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во почетокот на 1950 година кај нас стигнуваа малобројни групи Грци од земјите на народната демократија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Почна да мисли на групата печалбари што требаше утре даги пречека и да ги поплени.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
По таа историја може да се проучи како сегашните варијации се добиени од постари и последниве од еден општ македонски јазик, а тој од една јужнословенска група итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не велеа ниеден збор, тој остануваше само по неколку мига крај секоја нова група, онака заздишен, кога ќе ги видеше нивните избегани погледи тој уште веднаш продолжуваше понатаму, крај другите, третите, повторувајќи ги само оние свои пусти лудечки движења со своите раце, со тие огромни празни рачишта, навраќајќи по стотина пати во денот крај секоја група на тие темели, проклет.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што се однесува до баџанакот единствено ми е непријатно што двајцата знаеме дека тој беше во онаа група грди луѓе што ме тепаа или сакаа да ме тепаат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Седиме група писатели во касните ноќни часови на кафанската маса и си разговараме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Една група мажи стојат потпрени на ѕидот и само ги подаваат главите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Испратена нова група американски офицери за помош на монархофашистичкиот режим од Атина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Беа праќани во соодветни групи кои потоа беа пренесувани во соодветни простории.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На платото пред училиштето имаше собрано веќе и поголема група загрижени родители.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За разлика од припадниците на малцинските групи определени според расна и етничка припадност или според вероисповед, геј- мажите не можат да сметаат на тоа дека семејствата во кои се родиле ќе ги научат за нивната историја и култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Погледнав низ прозорецот и видов една група мажи пред куќа, застанале, очигледно да ме викнат и мене, или барем да ме известат за собирањето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Бомбата беше разурнала една група куќи двесте метри подолу во улицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Словени се викале и Србо-Хрватите. Имињата Срби и Хрвати се носеле од малечки јужнословенски групи и биле племенски, а се сториле народни само кога нивните носители, т.е. племињата Срби и Хрвати образувале големи држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во групата луѓе околу столовите завладеа тишина во истиот момент кога видоа како доаѓа црниот комбинезон на еден член на Внатрешната партија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рекол дека е во прашање мала одмазда на месното население во врска со неодговорното однесување на една група Белогардејци од претходниот брод која, речиси без причина направила некои штети во пристаништето.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во меморандумот на капетанот Морган од 19 март 1943 година за воената мисија во Македонија меѓу другото се осврнува и на “комунистичките и македонските автономистички групи на отпорот кои се особено интересни во однос на незадоволството од Бугарите“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Повеќе