гулаб (м.)

Добро, велам, не сум видела гулаб со три крилја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во крошните на жалните врби гулаби диви, гнездо вијат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Доброутро, здраво-живо! - поздравува врапче сиво. - Доброутро - поздрав врел ви испраќа гулаб бел.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
ГУЛАБИ Јатото гулаби наеднаш пркна од дворот сини диви исплашени не од истрел ни извик детски ни закана.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И двајцата добро знаеме на која жена мислиме само јас отскокнувам кај неа љубопитен и на вишини навикнат не можев да си замислам толку еднолично и неразонодено суштество рамна снага рамен говор несовршенството ме предизвика потсвесно, како што обично се вели правев трикови за забава на народот покажував нови мустри шарпи шешири шпилови стапчиња топчиња кутивчиња бели гулаби за бела магија создавав драмски штимунг го извлекував резервниот маж последниот џокер од мојот долг од што е дупнат џеб, немав време за колебање носев кружна насмевка - рингишпил на лицето каде јас, таму таа!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Гулабите ги криеја главите под крилјата и така исчезнуваа во устите на лисиците и на невестулките.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Гулаби бели летаат во синилата во саксафонот од воздишки-шаренило на крилата белина.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кој ни ги скрши белите крилца крилца на галаби бели?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
И се печеле гулаби диви во Алжир и во Мароко.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Штом ќе здогледаа гулаб и младо и старо од сите маала во градот помислуваа на русата глава и сините очи на Мише, штом ќе запролетеше сите помислуваа на дворот негов на разгугутените гулаби и белиот гулабарник.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оп, ми прелета пред нос еден галеб кој мигум се стори раскошна галабица. Павташе со крилјата во ритмот на Интернационалата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мислам се покри градот со гулаби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Селиците не се вратија, домородните птици се изгубија, луѓето не беа научени на гулаби и не ги бараа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Белите рачиња на убавицата влегоа во неговите дланки како топли крилја од гулабица.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не го заборавија ниту гулабите кои ги јадеа трошките што паѓаа од устите на скитниците и бездомниците.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Празничниот ден почна со неколку густи и брзи јата сини гулаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Заробениот гулаб сѐ уште преташе со крилата. Пердуви се ронеа од неговото телце и се нишаа во воздухот како снегулки.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повеќе