гулаш (м.)
Можеби оваа ги скопела заробениците и од нивните јајца правела гулаш?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги скопела мажите и правела некаков гулаш од човечки јајца.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Им беше многу штедлив гулашот!
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Полека се одлепуваш од светот на француската кафетерија, од џуџестите мексикански келнерки и бучните разговори на европските уметници распослани по соседните маси во потрага по својот американски сон, од тропањето на виљушките, мирисот на подгреаниот рататуи- гулаш и ѕвонот на кеш- регистарот...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Тој гулаш од документарни драми, репортажи, филмови, мини-серии, видеоспотови, трагикомедии, играј-и-погоди томболи и семожни нивни комбинации се меша во аисторичен фалсификат - семожен сатараш, што со сласт ќе го јаде само фиктивниот просечен гледач.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во Прага се пие пиво на секој чекор. Во пивниците, на долги столови, како некогаш, со парче салама, сендвич или „дунајски“ колбаси или пак со унгарски гулаш.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)