дама (ж.)
Шарениот тамбурашки оркестар уште со првите акорди почна да ги разгалува срцата на трите дами.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Градот е убиец, градот е жртва во градот на асфалтот се пролева крвта стемнети муцки со дебели ланци со вишок на мускули, а шуплива црпка Секој втор млад е социопат да стигнеш до успех биди ти гад таксисти по улици со завршен факс и револуцијата влезе во климакс Бледи лица со насмевки тажни лица со брчки, осамени дами мочли со џипови глумат џет сет со луксузен стан заработен в кревет Крстот свети во темните ноќи од премногу пороци светат и очи и сите тука се сметаат за светци се вртат во гроб и нашите претци
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Веднаш ја препозна дамата која му беше пристапила утрото пред Ману.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Оние идиоти сега ќе им јават на своите колеги да бараат дама и кавалер во балски тоалети.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Како можам да помогнам во врска со дамата?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Околу осум часот, додека го чекав Дагларбеј да ме земе, се шеткав во фоајето со рацете одзади, загледував по излозите на богатите шопови во ентериерот и минував меѓу господата со пеперутки машни и дамите во блескава облека и скапи парфеми.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Сега засега добро им врви на новите дами, иако нашите редовно губат на сите првенства.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Таа беше доста барана во градот бидејќи шиеше прекрасни облеки за многу видни дами во градот.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Оваа убава дама пушеше на улица, но и пушењето беше во склад со носењето.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Потоа кратко разговараше со шоферот на автомобилот кој пак беше многу вознемирен, многу брзаше и сакаше веднаш да им се оддолжи на дамите за немилиот настан со мала парична надокнада.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ме изненади една дама во еден модерен супермаркет која во количката, натоварена со разни прехрамбени продукти, возеше едно кученце, кое ги душкаше продуктите.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- На овие зборови и двете соговорнички на дамата се стаписаа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Младиот господин си замина. Дамите ја земаа надокнадата со очигледно олеснување, шоферот се врати во автомобилот и продолжи понатаму со огромна брзина, а неколку појаки мажи од улицата го враќаа коњот и чезата во нормална позиција живо разговарајќи.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Дамата си оди, а вие ја фрлате детелината во канта (знаете дека со три листа повеќе не носи среќа).
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Нив оддалеку ги препознавам, уште пред да се фотографираат со најголемиот букет од африканска зелка и цвет од памук, стилизиран коверт и кофа од фризура на главата од дамата, која на себе има парфем доволно да ја намириса цела ресторан сала.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Грета станува од столчето и половината од јазикот на Среќко ја исплукува во чинијата на соседната маса каде што седи една отмена дама со нејзините две деца.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Тоа го ценам кај дамите со реноме“, рече авторот намерно служејќи се со постилизирано изразување за да го погали малограѓанскиот менталитет на коконата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Во Париз, на пример, се смета навредливо и многу просто ако загледаш некоја жена или ѝ дофрлиш некакви непријатни зборови, но на секоја од нив можеш да ѝ се приближиш ако носи со себе кученце и ако тоа го држи в рацете - можеш да го помилуваш, а пак дамата за ваквиот гест ќе те награди со насмевка...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ивона, која навидум ги игнорираше зборовите на дамата, застана на црвениот сигнал кој се запали во нејзината глава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Петар го подигна шеширот и ги поздрави двете млади дами бакнувајќи им ги рацете, а со Томаица разменија значајни топли насмевки полни со нежност.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)