дворски прид.

дворски (прид.)

Култот што неговите дворски шутови и поданици го гаеја беше на повисоко ниво и од обожувачите на телето во Египет.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Како да се враќа од маскенбал, човекот под сивиот граѓански капут е облечен во руба на дворски пратеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А пак еден осамен, невидлив ут, си го прогласив за дворски шут.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Како во играчите да има нешто од некогашниот дворски шут, во најплеменитата смисла на зборот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Сухов однекаде ви доаѓа од зад грб и ви зборува со таков тон како да ви прави услуга: -Овде почива правот на Михаил Матвеевич Херасков, угледен поет од епохата на дворските преврати...
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога дошол во Виена и додека живеел кај принцот Лихновски, направил многу отстапки за јавното мислење – купил дворски костум, па дури земал и часови по танцување, но никогаш не научил да танцува, ниту научил како да го носи дворското одело и набрзо со гадење се откажал од двете.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Бетовен студирал оргули под водство на дворскиот оргуљаш, Фан дер Ееден5, стар пријател на неговиот дедо.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
- Ау, дворската дама сакала вино со еполета, то ест со етикета. Нека ти биде, знаеш каде се парите.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во еден дворски балет изведен токму 1600-та во Болоња („Планината на Кирка“), кавалерите се претвораат во животни и обратно. И пак: она неживото оживува!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во последно време во одајата донесуваше туѓ мирис што не го спираше ни сапунот ни студената вода на дворската пумпа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тоа биле Шиндлер, грофот Лихновски и виолинистот Шупанцих.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)