дедин (прид.)
Планините реките, езерата и огништето дедово кај искри пламен во тенеќе кофа кај пуканки пукав, под крошните од црница тутун жолт, лист по лист си нижев... и овчарска торба со погача мека, сирењето зрело од баба ми праг..
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сите наши глави, ко зрна од грозд на една дршка. сите ние црпиме од дедовите и прадедовите жили... со омраза кон тој што сака да ни ги пресече корените, закоренети од дедо прадедо, од памти век!!!!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Дедо Спасе има и едно малечко палаво внуче. Тоа се вика Васко и многу ги сака дедовите приказни.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Но братот Сами остана на брегот да го продолжи векувањето, да го одржи дедовиот завет, плаќајќи го тоа подоцна со својот живот за време на Енверовиот сталинистички режим во Албанија, кој само поради знаењето на англискиот јазик ќе го прогласи за шпион на Интелиџенс сервис и ќе го ликвидира.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Биле вешти занаетчии: за малку леб од вршник, варен компир, изварка со лути пиперки или пресолена пастрма, ги прекројувале нагнилите куќни покриви, ваделе за две деца беневречиња од стари таткови или дедови тулуми од тежок валавичарски шајак, крпеле или делкале нови каци, крбла, корита.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Презимето го добив од деда си, кој едноставно се грижеше за мене и кој често нагалено ме викаше: „Дедино“.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Знаев дека тоа е невозможно, па сепак, кога третиот ден по смртта на дедо ми Баџак тато нѐ однесе во дедовата куќа во Влае, одев од соба в соба и внимателно разгледував да не најдам некоја трага од присуството на дедо ми што би значело дека тој сепак е жив: некоја недопушена цигара во пепелникот, тукушто соблечена кошула, чорапи свиткани и ставени во „беж“ еспадрилите што најчесто ги носеше, очила врз отворениот весник на канабето во дневната соба, недоиспиено, сѐ уште топло кафе...
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Васко ќе се смири, ќе се загледа во дедовите мустаќи и ќе ги изостри ушите.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Дедовото коњче со чезата китна, и Марко го сакам магарето стројно, и сѐ ми е мило во тој роден крај...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Четвртиот бев јас. Другарите ме викаа Јоле Дедин.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
- Се излажа стариот, - си рече Бојан, мислејќи на дедовото му тврдење дека зимава ќе биде забеста, долга.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Оваа просторија, заради лековитите треви, за кои дедо му водеше посебна грижа, Бојан ја викаше „Дедовата аптека“.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Еве ти го од некаде Васко. Дотрча и тап, си седна на дедовото колено.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Кој ќе запише дека живот сме точеле длабоко вжилени во прадедовата и дедовата земја на која премногу и сме биле верни?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Макар што дедовото семејство се сметаше за едно од најнапредните во гратчето крај Езерото, тешко се напуштаа старите обичаи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
1 Стоеше на балконот загледан де удолу - небаре во некаква бездна, де во стеснатиот хоризонт каде што меѓу бетонските вертикали се наѕираше делче од некаков пејсаж, а нему му се привидуваше трепетот на тополите на крајот од дедовата ливада - отаде реката.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
На едно местото не можевме да останеме, нели сестро? зборува Пелагија, нам не ни е судено нови станови, не се запишавме за државјанство, како да ќе се врниме некогаш на дедови огништа!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И така, дедовиот златник, употребен во вистинскиот момент, ни донесе среќа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)