дедукција (ж.)
- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Но ... чуму сиве овие анализи и синтези, индукции, дедукции, редукции, ако ова го повтори и идната генерација, и таа по неа, и таа по неа...?
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Уште од „основната криза” - значи од теориите на Ајнштајн, Хајзенберг и Гедел - што е засилено и со поновите настојувања на теоријата на катастрофата и истражувањето на хаосот, или теориите за фрактали - самата наука ни кажува дека светот е окарактеризиран со плуралитет и хетерономија, дека парадоксите и паралогиите можат да бидат многу попристапни за негово осознавање од едноставните дедукции, дека реалноста сѐ на сѐ не е хомогена туку хетерогена; дека не е хармонична туку драматична; дека не е единствена туку диверсивна; накратко: поседува „постмодернистички“ дизајн.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Она што првин изгледаше чиста дедукција од микро во макро ниво изгледа дека повторно ја промени нашата онтологија.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Но по некоја логичка дедукција на крајот најмногу што можев да добијам е добра жешка шлаканица.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)