декар (м.)
Сега ќе се одделуваат многу поголеми количества домати и друг зеленчук за извоз и за домашна консумација, зашто порано во Бугарија со оранжериско производство биле опфатени само околу 400 декари земја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од 1935 година бргу опаѓаат плантажите на ружи зошто бугарскиот монарх ги откупувал по 300 лева за еден декар.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се очекува средно производство и на околу 4.000 килограми пиперки од еден декар.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Од еден декар оранжериска површина годишно ќе се берат просечно по 12.000 килограми домати и околу 29.000 килограми краставички.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Овдека, пак, на почетокот на источниот лак, кој се издига над Алилово, кој е свртен навнатре и кој се вика Зајачки Рид, гледано однадвор, пак од север, од североисток или од северозапад, над пазена дабова шума од неколку декари, се издига едно од памтивек исушено дрво.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И навистина, глетката е импресивна: 16 блока со по 30 декари оранжериска површина, 8 котелни постројки, мазутно стопанство, широка патна мрежа и уште многу други објекти.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И така плантажите се намалиле на 10.000 декари.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Вуча“ ќе акумулира близу 700 милиони кубни метри вода, ќе наводнува 1.000.000 декари земја и годишно ќе произведува 1 милијарда квч. електрична енергија...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)