деколте (ср.)
Но ја видов крај реката со здолниште над коленици, блузонот со длабоко деколте, ги отскриваше како бели јарки, нејзините сентименталности пратени со петинг.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Тенкиот свилен фустан полн со набори, се вееше, се пафташе како на силен ветер, а ѝ се пафташе и опашката од косата и ѝ поигруваа обетките и огрлицата на гушата спуштена на широкото деколте на фустанот и браздичката меѓу дојките кои при силното вртење потскокнуваа како да сакаа да излетаат.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога се наведна да им подаде мени, во длабокото деколте ѝ ги виде градите. Мали и тврди. Под маицата не носеше ништо.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И, не дека нема да нѐ биде, зашто сме поднаучиле и ние по нешто под јорган сиве овие години живот, ама борделот ќе мора да се вика „Кај баба“, за да нема забуна при влезот во бордо обоениот хол, во кој гостите ќе ги дочекува хостеса во црвен фустан со длабоко деколте и, со насмевка, распеана ќе ги разнесува по собите... или, уште подобро, со фотогалерија што ќе оди на видеобим ќе ги нуди нашите вработени и пријавени работнички со бенефициран стаж.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во црна блуза со деколте, припиени црни хеланки и сребрени сандали со високи пластични потпетици, пушејќи долг Davidoff, се прошета до стаклениот ѕид и таму, издишувајќи облаче чад го проследи вивнувањето на еден авион кон небото.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Можеби затоа што забележа дека ѝ зјапам во деколтето.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Додека се обидував да го протолкувам реченото кое оставаше многу празнини, бели страници кои можеа да се исполнуваат со различна содржина, главно како претпоставки, а јас не бев склон на таков вид размислување и градење односи со луѓето околу мене, Ема се надвисна над бирото, поземајќи ја пепелницата и, свртувајќи се, повеќе несмасно отколку планирано (така ли беше?, не знам!), со врвот на цицката, потприбрана во тесната блуза со длабоко деколте, благо ми прошета по надлактицата од левата рака.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
За целото време Ѓорѓе не прозборе ни збор. Погледот му беше закован на полуотвореното деколте на Рада.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се облеков во црн елегантен фустан, со примерно деколте, малку раскроени ракави и прилично кус.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Луција никогаш немаше видено повеќе од мајчиното деколте, за да не ја открие својата унаказаност, што убавината ја чини уште почудовишна.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Пред очи ми прошиба една позната скотска манекенка со дубоко деколте која смени накај 12-13 фраера за неколку години.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ама ѓавол да ги носи овие со деколтеата до брадавица, како некрунисаната кралица Мадам Помпадур (љубовницата на Луј 16) што по Скопје се шетаат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Еластична бар- дама, црна мачка во деколте, се доближува до Џо.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Потоа, стана збор за облекувањето. - Нема разголување, отворени деколтеа, тесно припиени фармерки и така сѐ до десеттата заповед.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)