делува несв.
делување ср.

делува (несв.)

Како можел да делува совесно, во многу тешки услови на живот, и при тоа да ги брани одбележјата на културата, уметноста, јазикот, како се изборил за привилегијата: да бидат сочувани сите овие богатства?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Анализирајќи ја музичката структура на поезијата, Соломон Маркус во неговата „Математичка поетика“ коментира две во основа противставени теоретски стојалишта: едното е дека звучната убавина на стихот не може да делува независно од смислата која ја имаат зборовите во песната и дека звучната релевантност вон лексичките и граматичките морфеми всушност и не постои.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Беспрекорна тишина лебдеше во воздух алкохолот во мене да делува почна да, тоа е мојот најдобар пријател ја знаеше мојата дијагноза точна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Исто така разбравме дека делува смирувачки ако во семкарницата на нашето старо место купиме по еден фишек време и по еден џепен прирачник за безболно продолжување на самозалажувањето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Од другата страна на градот, само со малку подзарипнат глас, езанот го најави неговиот колега кој изгледа не го курдисал часовникот, та двата звука делуваа како фонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Останува мојата сива силуета која напати делува тромаво и набиено.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа е една сугестивна музика што делува непосредно на потсвеста, иако не се слуша.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Последниот глас, тој штрбав тенор, потсетуваше на зовриена течност во огромна епрувета и панично делуваше, и тој знаеше дека смртта не треба да ја молат, кога е веќе негде над нив невидлива и пак спремна да влезе во хазардната игра како вечен играч и вечен добитник, да спечали, зашто растеше врз врелината на омраза и ги набабруваше како меури многуте побунети очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Османлискиот феудален систем неповолно делувал на општествениот, економскиот и културниот подем на христијанските народи кои влегле во рамките на Османлиското царство.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Фабриката за шеќер денес е акционерско друштво во приватна сопственост на странски газди од соседството, кое делува во рамките на прехранбената индустрија и моментално брои околу 150 вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Значи, една веќе етаблирана уметничка стратегија која не само што не носи ништо ново, туку и делува како кочница во имплементацијата на новите идеи и зафати.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нивното поведение ми делува страшно претерано.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Одблесоците на молњите што влетуваа низ прозорците во лабораторијата, правеа рендгенски снимки на предметите и го набиваа воздухот со електрицитет кој делуваше стимулативно и на Мил и на синтезата што требаше да го забрза процесот на создавањето на живата материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ако кажеме дека одреден систем е во криза, според Морен, би требало да се ставиме во улога на чекачи затоа што системот делува во две насоки: да пропадне како систем или да изроди метасистем кој ќе успее да се справи со сите проблеми.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Помилувањето од претседателот на републиката врз него делуваше, како што се знае, како завршен удар, бидејќи шест години потоа не пишуваше.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Да, имате право, телото станува знак и слика, неговиот изглед делува како метафора за висината на банковната сметка и на крајот на краиштата за моќта на субјектот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Потоа се протна низ подотворената пола на портата, ја испешачи патеката до влезниот и се најде на терасата пред двокрилната дрвена врата на која беше одвај распознатлива некогашната сина боја на која некрологот поставен и тука делуваше како новина на куќата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Наеднаш, посакуваш некој да те бара, да ти дрдори за неподносливи работи кои делуваат полезно.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Му делуваше обесхрабрувачки во поглед на целта заради која беше дојден.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повеќе