демек (мод.)
- Демек... - присторе Србин. - Демек, тоа е да не знаеш кој кога те држи под око и зошто. - Аха, - рече Србин и реши нешто да запамети. - Убаво богами.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Реков дека сум ја купил за сестра ми, која демек такви украси носи секогаш само на едното уво.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ама сепак, само во пената на кафето на плоштадот во Сиена наместо со цимет, со прав од отечени ѕвезди се нацртани разголени женски гради и само мермерот во црквата во Сиена е жежок – ем од трите разголени грации, ем од недобројните алчни зјапачи во уметнички дела, демек.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Жените, на тие од народната власт, дебелкасти, газлести и цицлести, на колковите и месиштата, само сало, жими вера, седеа под големи и широки омбрели... чуваа лица, демек од сонцето, да не поцрнат.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Си премотувам низ глава дали се исчешлав и дали да се насмеам (не знам дали ги откачив овие вештачкиве), па проверувам со јазикот и победоносно се смеам, демек, само до забите е убавината Оти сѐ друго ми е потамам!
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Случајно, ако му текне на народниот непријател да посака да влезе внатре, демек, на неа да се набоди.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
ДЕПА: Ами ти сега не рече дека будалите викале Коте?! Демек, сега ние сите сме будали што ти викаме Коте?!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Тие пред секои избори ја подновуваа старата еднокатна зграда на началството: темножолто однадвор, светложолто однатре, демек фасадата и канцалариите, бело по таваните и модро по ѕидовите до каде што допираа грбовите на граѓаните во чекањето пред шалтерите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
И тој почна божем со чудење колку е зол светот и грди луѓето, та зборуваат најгнасни работи, што еве тој, како добронамерен и пријателски настроен човек, демек, ќе ти ги кажел.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ај што го смета татко ми, демек дедо ѝ, за будала; ама и мене, што сум зела маж генерал без војска, нареден со ордени на градите и со прави бразди на мозокот, кого ако го прашаш за Крива Паланка ќе ти го покрие со палецот цело Мариово, а кога ќе му го побараш Мртво Море од Арабискиот Полуостров ќе направи мрвка за под ноктот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А во командата на баталјонот дознаа и по телефон се раскараа со пцости и ми се заканија со воен суд, демек ќе ме стрелаат, ако јас неа не ја стрелам. Како да стрелам осумнаесетгодишно девојче?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Глеј, бре, тревата се раззелени, цвеќето расцути, лисјето треперат, ластовичките летаат, билбилот се растури од пеење, потоците се наполнија вода, пчелите се разиграа во устите на цвеќињата, ментата мириса, а ти само - другар политкомесар тој и тој рече вака и вака, кодошиш, плукаш, се фалиш лево и десно демек непријателот го уништивме, му убивме и му ранивме толку и толку, а наши како да нема...како, бре, нема?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
КОТЕ: Демек Анѓеле денеска јолџија ни е? Ај, со здравје да си оди. Господ некој касмет поголем да му наврти, да си спечали повеќе пари. Пак, за добро идење да ви идеме и за радост.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Во она време постоеја бунди од лажен астраган, црни, долги до под колена, демек „миди“ мода, и немаше жена што немаше таква.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Потопена прво во чоколадно млеко, па во етерични масла, па измасирана со крема која ја враќа младоста во кожата однадвор, за кога тој ќе чукне на врата двапати кратко и еднаш долго и ќе го стави клучот во брава, а рајберот таму кај што треба, ти, демек, да процветаш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Демек, се исплашил дека ќе го оставам засекогаш.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Народната власт доѓаше во Отешево со лимузини, а пред тоа целото место, па и патиштата што водат до таму беа чистени, демек случајно народниот непријател да не излезе, па да ја види народната власт.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Демек оваа нашава, планинскава, не ти е по ќеф?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Попрецизно, ние ѓо работевме, а даскалите демек вршат надзор над нашиот здружен труд.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Што уште се случи? Вообичаени работи: ги пресушивме резервоарите на вода; демек првпат вистински ја разбравме музиката; расположението ни зависеше од тоа дали патките се движеа кон нас (радост) или од нас (разочарување).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)